Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: Новата иднина доаѓа, излезноста е клучот – ВМРО-ДПМНЕ ја престави програмата во Карбинци, Лозово, Свети Николе и Штип

0
By НОВА ТВ on October 15, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на последниот ден од изборната кампања ја презентираше програмата „Создади нова иднина“ во Карбинци, Лозово, Свети Николе и Штип, каде се обрати и претседателот на партијата, Христијан Мицкоски.

Пабло Неруда пишуваше – можете да исечете цвет, но не можете да ја спречите пролета на дојде! Новата иднина доаѓа. Подгответе се, а со новата иднина доаѓаат подобри времиња за сите луѓе во Македонија. Народе на Македонија, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци мора да знаете мојата битка е и ваша битка, а целата ни е иста. Земете учество во создавањето на новата иднина, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот завршен централен митинг во Штип.

-Оваа наша генерација е таа која ќе се избори за промените, затоа излезете и гласајте. Вие и вашето ливче, вие и вашата желба за иднина. Вие и нашата заедничка иднина. Победата е на дофат. Победата е тука. Излезноста е клучот. Тие сакате да наведнете глава, јас ви велам главата горе, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски додаде дека нема невозможни работи, потребна е челична волја и верба, а нашата борба е за сегашните но и идните генерации по нас, вреднувајќи ја жртвата на нашите родители, и желбата за успех на нашите деца.

„Поминавме неколку месеци во разговори со вас, за да ја креираме програмата. Ние не ветуваме празни ветувања, ветуваме чесност, одговорност принципиелност и посветеност. Ова се нашите постулати на кои ќе ја креираме нашата политика како идна локална власт. Гарантираме дека ќе се вложиме за да ги подобриме условите за граѓаните. Основна задача е да ја вратиме довербата на грачаните и да ја подобриме функционалноста на општината“, рече Иван Јорданов, кандидат за градоначалник на Штип на вечерашниот митинг.

Јорданов рече дека до 2024 година, Општина Штип ќе стане дигитална општина и секој документ ќе може да се побара и да се извади по електронски пат и оти бизнис заедницата ќе биде стратешки партнер на општината.

„Наша обврска е и да ги застапуваме правата на работниците. Да се бориме и избориме на овие наши измачени граѓани“, рече Јорданов.

Тој посочи и дека е предводено да се продлабочи соработката со Универзитетот Гоце Делчев.

„Нашата визија е да направиме студентски град, да го подобриме социјалниот живот на младите во нашиот град“ рече Јорданов.

Имам идеја и, што е најважно, волја и храброст тоа да го остварам! Мојата одговорност – знам дека е голема, но верувам во тоа дека кога се сака се се може и искреноста и посветеноста секогаш вродуваат со цврст резултат, истакна кандидатот на општина Свети Николе, Дејан Владев на митингот.

„Но, затоа, тука сме ние. И ние јавно ветуваме реализација на следните проекти: целосно оспособување на пречистителната станица за отпадни води која реално ќе функционира, а не само на слика, уредување на речното корито во централното градско подрачје, како функционално – така и естетски: со пешачка патека, осветлување и зеленило. Оплеменување на просторот во новиот парк со амфитеатар, памп-трак со мини фитнес-катче, скејт-рампи и детско игралиште. Ова да претставува место за дружба, рекреација и забава на младите, кои немаат каде да се дружат. Зголемување на паркинг местата во централното градско подрачје со асфалтирање и обележување на паркинг места на потег „спортска сала -покрај реката и детската градинка“. Канализација,асфалтирање на улиците во градот,новите населби и во руралните средини. Уредување на фасадите на куќите во старата градска чаршија, нејзино осветлување и враќање на стариот градски изглед, кажа Владев.

„Како човек, кој досегашниот животен век го поминал во општина Лозово, ја знам душата на секое населено место. Ги познавам секојдневните маки и проблеми со кои се соочуваат граѓаните, бидејќи тоа се и мои маки и проблеми“, истакна кандидатот за градоначалник на општина Лозово, Бошко Цветковски.

„Како градоначалник на општина Лозово, пред граѓаните ке понудам концепт на одговорно работење и ќе бидам подготвен да им излезам во пресрет за сите потреби, информации и помош во решавање на нивните проблеми. Ќе се залагам за зголемена ефективност и одговорност на локалните власти во нивното работење и поголема вклученост на граѓаните во донесувањето на одлуки за прашања што за нив се од суштинско значење. Локалните претставници ќе бидат секојдневно со вас, како би биле во директна комуникација со граѓаните во сите населени места, спроведувајќи една од најдобрите светски практики за подобрување на распределба на локалните буџетски средства“, рече Цветковски.

Цветковски посочи дека по принципот на партиципативно буџетирање сите граѓани би имале еднакви можности да бидат вклучени во донесувањето на одлуки за намена на општинските финансии. На тој начин, граѓанинот ќе го добие местото што го заслужувал отсекогаш. Тој е централна клетка од која поаѓаат и се разменуваат информации преку креаторите на локалната политика и корисниците на услугите.

Бастионот на ВМРО-ДПМНЕ во истокот бил и ќе биде Карбинци, истакна кандидатот за градоначалник на општина Карбинци, Виктор Паунов на митингот.

Паунов додаде дека општина Карбинци ги памети деновите кога се градеше и функционираше како сервис на граѓаните во минатото предводено од ВМРО-ДПМНЕ.

„Имаме план, имаме визија, а мотивацијата никогаш не била поголема за успех и просперитет на нашата општина. Ние сме тие кои имаме обврска да ја градиме светлата иднина на Карбинци. Гарантираме проекти за промени, проекти за победи“, нагласи Паунов.

„Како предводник на идната локална власт, се обврзувам за многу проекти кои се од суштинско значење за нас, проекти со кои нудиме решавање на проблемите и модернизирање на нашите населени места. Гарантирам: изградба на нова детска градинка во село Карбинци со капацитет од минимум 50 деца, нова училишна зграда на подрачното училиште „Страшо Пинџур” во Таринци со површина од 200м2, подобрување на водоснабдувањето на село Радање и решавање на деценискиот проблем со водата за пиење“, рече Паунов.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025
ФОКУС

Четири групи во Европарламентот ќе поддржат недоверба против Фон дер Лајен

ВЕСТИ October 3, 2025

Европратеници од четири политички групи во Европскиот парламент најавија дека ќе го поддржат претстојното гласање…

Јато дронови над белгиска воена база – НАТО го вклучи алармот

October 3, 2025

30 години од атентатот врз првиот Претседател на независна Македонија Киро Глигоров

October 3, 2025

Време: Зимата ја претрка есента

October 3, 2025
ТИКЕР

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.