Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски обвини дека нема фер изборна трка; ВМРО-ДПМНЕ ја претстави програмата во Крива Паланка, Кратово, Пробиштип и Ранковце

0
By НОВА ТВ on October 13, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ денеска ги промовираше програмата „Создади нова иднина“ и кандидатите за градоначалници во Ранковце, Кратово, Пробиштип, а на централниот митинг во Крива Паланка се обрати и претседателот на партијата, Христијан Мицкоски.

-Ова не е фер и демократска трка со самото тоа што ВМРО-ДПМНЕ по третпат почнува предизборна кампања со комплетно замрзнат имот. Значи ние не можеме да функционираме како нормална политичка партија, истакна Мицкоски.

Мицкоски истакна дека од власта затоа влечат очајнички потези во страв и паника од поразот да тргуваат со човечкото достоинство на народот.

-На четири дена пред гласање делат десетици милиони евра, мислејќи дека на тој начин ќе го намалат поразот и затоа ги повикувам граѓаните масовно да излезат и да гласаат. Јас верувам во македонскиот народ, јас верувам во граѓаните на Македонија дека ќе го препознаат ова, дека ќе излезат и ќе ги казнат овие криминални измамнички политики. Верувам дека ќе победиме и дека овие луѓе ќе одговараат за ова што го прават, треба да се свесни дека ќе одговараат, зашто јасен е Изборниот законик во членот 8-а дека не смеат овие работи да се прават, дециден е Мицкоски.

Наш приоритет е гасификација на Крива Паланка со која евтиниот, еколошки и природен гас ќе биде достапен за граѓаните и компаниите. Ветуваме и бесплатен приклучок на гас до секое домаќинство со што ќе останат повеќе пари во семејниот буџет, училиштата ќе заштедат висок процент од буџетот кој го добиваат и средствата ќе бидат искористени за нивно осовременување,  изјави кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Крива Паланка,  Александар Рангелов.

– Ќе го реконструираме градскиот пазар, кој повеќепати во неделата ќе биде достапен за граѓаните, затоа што трудот и маката на земјоделецот мора да се исплати. Ќе го развиеме туризмот на локалитетот Калин Камен. Ова ќе значи почеток на планинскиот туризам на кривопаланечкиот дел на Осоговието, а тоа ќе иницира изградба на угостителски објекти, сместувачки капацитети и ресторани. Ќе инвестираме и во образованието, мора да има модерна инфраструктура и современи услови за учење за сите ученици бидејќи тие се нашата иднина, изјави Рангелов.

Чест и задоволство ми е да застанам овде пред вас и да ви се обратам вам драги сограѓани, вам со кои секојдневно го делиме истото разочарување од оваа локална и централна власт. Ветуваа тие живот за сите, ветуваа чист воздух и чиста вода! А сега, после 4 години да ве прашам дали живеете подобро?, праша кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип, Марјан Миленковски на митингот.

„Јас, заедно со мојот тим, и најважно заедно со вас граѓаните, во недела, ќе ги донесеме промените во нашата општина! Одговорно, од овде, ветувам, дека после 17-ти октомври ќе имаме целосна отвореност и транспарентност на општината и јавните институции, каде што ќе преовладува квалитетот на вработениот, а не неговата политичка припадност. Општина каде нема повеќе да чекате денови, недели и месеци за документот кој ви треба“, нагласи Миленковски.

„Мојата кандидатура за градоначалник на Кратово доверена од ВМРО-ДПМНЕ и Социјалистичката партија на Македонија ја доживувам како огромна чест но истовремено и голема одговорност и обврска, сериозна должност која ќе ја оправдам пред вас граѓаните на Кратово“, истакна Тодорче Николовски, кандидат за градоначалник на општина Кратово на митингот.

„Ви нудиме програма со остварливи проекти кои ќе го разубават нашето место и ќе го подобрат квалитетот на животот на граѓаните во рамките на финансиските можности на општината. Нудиме проекти со кои ќе се решаваат проблемите во комуналните работи, инфраструктурата, урбанизмот, животната средина и сообраќајот. Квалитетни проекти со кои ќе се пробиваат, трасираат и тампонираат локални патишта, проекти со кои ке се реконструираат и асвалтираат голем број на улици и патишта во градот и кратовските села со кои ќе се воспостави подобра комуникација со маалите, селата и соседните општини. Активности во насока на подобрување на капацитетите и квалитетот на водата за пиење како и одведување и обезбедување на вода во места и средини каде што ја нема“, нагласи Николовски.

„Со заеднички сили, со упорност и верба, со нашата непоколебливост и сплотеност ќе ја урнеме досегашната власт, која во изминатите години работеше само за одреден број на луѓе, лојална и фаворизирана клиентела и привилегирани поединци. Ги знаеме ветувањата, знаеме што направија, односно не направија во изминатите години“, истакна Борче Спасовски, кандидат за градоначалник на општина Ранковце на митингот.

Спасовски додаде дека тој како иден градоначалник ќе се залага и неуморно ќе работи на подобрување на сите стандарди за поквалитетен и подостоинствен живот во Ранковце.

„Се обврзувам дека конечно ќе го изградиме водоводниот систем во с. Псача кој го ветуваа, а не го изградија изминативе години. Ветувам нови захвати за вода во Биљино и Пклиште за селата Радибуш, Гиновце, Ранковце и Отошница. Ќе ја изградиме канализационата мрежа во Љубинце, Опила и дел од Псача“, вети Спасовски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

ВЕСТИ November 7, 2025

Шестмина мигранти се убиени, а четири лица се повредени за време на полициска потера во…

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.