Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски од Кавадарци: Ова не се парламентарни избори, но се значајни за правецот на државата

0
By НОВА ТВ on September 29, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ изборната кампања „Создади нова иднина!“ денеска ја претстави во Кавадарци, Неготино и Демир Капија. Од митингот во Кавадарци претседателот на партијата, Христијан Мицкоски рече: -Ова се избори на кои се одлучува во каков правец ќе продолжи нашата Македонија. Овие избори точно е дека не се парламентарни, но се многу важен тест каква порака ќе испратите. А зошто е важна пораката? Затоа што знаете дека не се живее подобро, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Кавадарци.

Тој посочи дека власта ја крие тивката инфлација преку која се ограбува народот.

„Мината година килограм зејтин беше 67 денари, оваа година е 97 денари. Минатата година литар млеко беше 45 денари, оваа година е 55 денари. Минатат година килограм брашно беше 34 денари сега е 40 денари. За бадијала лажно се фалат дека платите се покачувале кога цените одат нагоре. Народот има помалку. Ама важно велат дека биле најдобри. Еве ќе кажам во што се најдобри. Најдобри се во корупција и криминал. Најдобри се во несправувањето со корона. Прва сме држава по смртност во Европа. Најдобри се во неспособност. Се уште чекаме пред портите на ЕУ. Најдобри се во лажење и неостварени ветувања“, кажа Мицкоски пред кавадарчани.

Митко Јанчев, кандидатот за градоначалник на општината речи дека Кавадарци станал плодна почва за учење, започнување на сопствен бизнис и за градење на кариера.

„Инфраструктурата во Кавадарци во последните четири години е значително подобрена. Реконструирани се главните сообраќајници, но не се изоставија и руралните средини. Изградба на зелен пазар, изградба на спортски сали, изградба на регионален вински музеј, Винотека, воведување на мониторинг систем и кол центар достапен 24 часа, се догради и колекторот од болницата па се до село Марена. Колекторот го завршивме за три месеци. Кавадарци во моментов има реконструирано и ново модерно економско улично осветлување. Ова е само дел од сите реализирани проекти“, рече Јанчев.

Горан Стојанов, кандидат за градоначалник на Неготино од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во своето обраќање пред неготинчани рече „мора да знаеме дека кога нешто сакаме, го сакаме заради тоа што визијата за него ќе ја претвориме во мисија, а потоа во дело, јас го сакам Неготино и се обврзувам да направам сè најдобро за него за да бидеме пример за идните генерации, за тоа колку сме придонеле за градот, а не колку сме го оштетиле додека сме управувале со него“.

Стојанов се осврна на десетте основни столба од Програмата за подобро Неготино. Првиот столб е Неготино, зелен град, изградба на голем парк кај спортската сала „Младост“ затоа што покрај зелените површини и зони за одмор, планирано е да се изгради и фитнес-зона, како и патеки за велосипедизам, пешачење и слично. Вториот столб или топ-проект, со цел реконструкција на водоводната мрежа, откривање и решавање на долгогодишниот проблем со огромните загуби на вода, обезбедување дополнителна количина на вода во водоводот со што ќе се обезбеди непречено 24-часовно водоснабдување во градот и во текот на летните месеци, како и следење на водоводната мрежа преку нови системи.

Андон Донев, кандидатот за градоначалник на Демир Капија од ВМРО-ДПМНЕ, на вечерашниот митинг рече дека програмата која е подготвена нуди нова иднина.

„Ова не е обична програма, туку програма со визија за Демир Капија, со неа ќе го вратиме сјајот на нашата општина“, рече Донев претставувајќи како што рече дел од визионерската програма. Меѓу десетте топ проекти е надградба на водоводните системи во село Битринци, Дрен и др, изградба на фекална канализација во село Прждево и село Дрен, покривање на градскиот пазар во Демир Капија, уредување на крајбрежјето на река Бошава со нови содржини со печачки патеки, асфалтирање на улици, изградба на мала спортска сала за поттикнување и развивање на спортскиот дух во руралните средини Горешница и Бистринци, доизградба на детската градинка, уредување на просторот кај автобуската станица“, рече Донев претставувајќи како што рече дел од визионерската програма.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.