Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски од Виница: Власта ја чека голем пораз, нова влада и одговорност за стореното во изминатите четири години

0
By Ivana on September 30, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ изборната кампања „Создади нова иднина!“ денеска ја претстави во Чешиново, Облешево, Виница, Зрновци, Кочани. Ниту еден збор не кажуваат што направија изминативе 4 години кандидатите на СДСМ, само критикуваат, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Виница.

Мицкоски посочи дека по 17 октомври Заев го чека голем пораз, а по тоа следи нова влада и одговорност за стореното во изминатите 4 години.

– Кога би можел сега да имам некоја временска машина и да го вратам оној наш последен дуел и на прашањето што би му порачале на Зоран Заев би му кажал извади го тефтерот, извади го календарот и прочитај колку години си власт. Заборава дека тој и неговите мали зоранчиња четири години не пустошат, а она што најмногу умеат да го прават тоа е да крадат и да лажат, рече Мицкоски.

Овие избори не се обични локални избори, од овие избори зависи по кој пат ќе тргне Република Македонија. Дали ќе продолжиме по патот кој го трасира оваа нелигитимна влада, а тоа значи променето име на државата, загрозен идентитет и јазик, загрозени земјоделци, обесправени пензионери, исплашена администрација, несигурни студенти, демотивирани инвеститори, невработени без надеж, истакна кандидатот за градоначалник на општина Виница, Миле Петков на вечерашниот митинг.

Петков истакна дека изминатите четири години граѓаните се сведоци на континуирано пропаѓање на општината во сите сегменти на живеењето. Виница го изгуби сјајот и не го искористи потенцијалот да биде место во кое граѓаните ќе сакаат да останат да живеат, наместо да се иселуваат. Граѓаните на општина Виница од оваа локална власт добија само големи разочарувања.

Антонио Милошоски, пратеник и член на Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ на митингот во Зрновци рече дека сплотеноста во општината е многу важна и од оваа општина можат и другите да учат.

– Победата во прв круг ќе биде голем елан и за останатите општини. Нашиот иден градоначалник Борчо Коцев има одлична стартна основа за работата понатаму, а во многу скоро време премиер ќе биде Христијан Мицкоски, кажа Милошоски.

– Во минатите години покажавме и докажавме дека само сплотени, со многу труд и пожртвуваност, можеме да ја постигнеме целта, да од општина Зрновци изградиме прекрасно место за живеење, светла дестинација за туристите и посетителите, успешна македонска приказна, преку реализирање на огромен број проекти. Успехот не е случајност. Тој е напорна работа, пожртвуваност, истрајност, учење и многу љубов кон она што го работите и создавате за својата општина за своите сограѓани, а тоа го должиме на помладите и идни генерации, истакна Борчо Коцев, кандидат за градоначалник на општина Зрновци денес на митингот.

Коцев додаде дека програмата се состои од идеи, предлози, решенија и потреби на граѓаните од општина Зрновци.

Љупчо Папазов, кандидат за градоначалник на Кочани од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот минитинг рече дека се потребни промени за успешно справување со проблемите.

– Градот најдиректно ги почувствува негативните последици на бројните ризици на живеењето во денешнината. Покрај активната пандемија на корона вирусот, Кочани беше погоден и од неконтролирани пожари кои претставуваа непосредна закана и опасност по имотот и животите на граѓаните. За жал, бевме сведоци дека во елиминирањето на таквата опасност целосно изостана навремената, координирана и потребна акција. Затоа, потребни се промени за успешно справување со ваквите ситуации. Нудиме изработка на сеопфатна стратегија за управување со разните современи ризици, а ќе предложиме и формирање на посебно тело на советот на општината за управување со кризи, во кое предвидуваме да членуваат експерти во своите области, рече Папазов.

Папазов најави низа на проекти кои ќе ги реализира за време на 4 годишниот мандат, меѓу кои како приоритетни уредување на Кочанска река по целата должина во градот, и изградба на два нови сообраќајни мостови со што комуникацијата од двете страни на реката ќе биде многу побрза и побезбедна.

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, за Општина Чешиново-Облешево, Далибор Ангелов, на денешниот митинг истакна дека изминатите четири години се случи стагнација на општината, а се што добија граѓаните беше само неисполнети ветувања, токму затоа потенцираше дека граѓаните заслужуваат локална власт која ќе одговори на нивните потреби, ќе донесе развој и подобра иднина за сите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.