Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски пред бриселски дипломатски и државен пораз

0
By Zoran Ivanov on September 17, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ако Мицкоски се сили и пред Советот на ЕУ настапи со објаснување дека исполнувањето на обврската од преговарачката рамка е „виткање кичма“, и молчела затоа што тоа било „вистинска вредност“, ќе доживее невиден дипломатски и државен пораз

Тито Беличанец

Мицковата ВМРООНСКА пропагандна машинерија, подржана и од научни и стручни коментатори преку “научни коментари” денешната политичка и меѓународна положба на земјата ја анализираат низ призмата дека земјата ќе беше во битно поповолна полжба да не беше потпишан Охридскиот договор, Договорот за соработка со Бугарија и прифатена преговарачката рамка за влез во ЕУ.

При тоа не укажуваат на предностите на нивните тези и ставови туку ги омаловажуваат Владите на

СДСМ дека извршиле наводно “национално предавство”, “виткање кичма” и со други плебистички изрази за до го придобијат јавното мислење, но пред се да покажат дека сега во тие услови им се врзани рацете за “нов почеток” и дека ќе мораат да прифаќаат решенија кои де факто и де јуре се детерминирани од овие договори.

При тоа ги занемаруваат фактите дека

земјата не ќе беше член на НАТО, ниту примена во ООН со уставното име и не ќе ги почнеше преговорите за влез во ЕУ без “виткање кичма” и “национално предавство.

Научниот и политички дилентатизам и заборавање на меѓународната положба на РС Македонија и нејзина историја се состои во тоа што не се укажува на алтернативите решенија и последиците од примената на нивните алтернативи.

Деновиве бројни експерти се јавија со свое мислење и анализа. Таков е случајот со колегата Тони Дескоски кој во својот коментар укажува дека последните неколку недели се изначитал колумни, текстови и објави во кои упорно се тврди дека во односите со Бугарија правото било на наша страна, ама моќта била кај Бугарија. Затоа, исто како и со Преспа сме морале да ги изголтаме Бугарските барања. И при тоа тврди дека “За жал, вистината е сосема спротивна. Правото (меѓународното) е на страната на Бугарија и тоа од оној момент кога тогашниот Премиер Заев го потпиша Договорот за добрососедство. По тој договор, Бугарија има право да ни стави вето за ЕУ и да бара од нас некаква чинидба за да го симне ветото. И “Ете затоа Францускиот Претседател Макрон ни го понуди Францускиот пакет, како модалитет со кој ние ќе го испорачаме она што Бугарија го бара од нас за да го симне ветото за ЕУ. Уште повеќе, нашата Влада и Собрание го прифатија Францускиот пакет и сега Бугарија бара од нас да го испорачаме ветеното.”

Оваа формално правна но испразна анализа ги извртува причинско последичните врски, настани и бега од политичката суштина на проблемот Зошто Бугарија и Грција имаа и имаат меѓународно правна положба политички да ја принудат, туку што осамостоената македонска држава, на потпишување на договори за уредување на прашања кои сметаат дека се нивен интерес.

Одговорот би требало да биде јасен, пред се на научната и стручна јавност. Но тој свесно се прикрива и маргинализира. Имено се заборава дека Македонија поднесе молба за членство во НАТО и ЕУ. И во двете организации се станува член со консесуално одлучување на сите членки на тие организации. Сите политички партии едногласно се изјаснија за приемот на земјата во овие организации. При тоа заборавија, свесно или тендециозно дека

Грција и Бугарија имаат можност да го го искористат нивното право на вето. Прва правото на вето го искористи Грција при одлучувањето за прием на земјата во НАТО, а подоцна и Бугарија при прифаќањето на преговарачката рамка за влез во ЕУ.

Ако овие факти беа разумно разбрани од сите политички актери пред две децении Македонија ќе беше пред 10 години членка на НАТО и ЕУ.

Место да се бара компромис со Грција ВМРО ДПМНЕ власта во периодот од 2010 до 2014 ја искористи да започне “политичка војна “ со Грција со т.н. антиквизација на македонската историја. Или со за Бугарија несоодветно толкување на дел од бугарската и т.н. заедничка историја. Затоа Бугарија и Грција најавија вето при следното гласање за членство на земјата во НАТО.

Меѓународната заедница сфати кон што водат најавените вета и се вклучи во барање на компромисен излез кој беше остварен со потпишувањето на Охридскиот договор и Договорот за пријателство и соработка. Откако земјата стана член на НАТО и беше прифатена преговарачката рамка за почеток на преговорите, со сите услови кои не го доведоа во прашање територијалниот и националниот интегритет почна идеолошката и квазинаучна офанзива против овие договори и преговарачката рамка за влез во ЕУ. Со аргументација дека со нив се врши предавство на националните и државни интереси.

ВМРО ДПМНЕ ги блокира преговорите за влез во ЕУ со блокирањето на уставните измени заради маргиналниот услов бугарското малцинство да биде внесено како и другите кои се содржани во Преамбулата на уставот.

Сите напори да се оствари влезот во НАТО и отпочнат преговорите за влез во ЕУ и сесрдната помош на меѓународната заедница посебно 25 земји на ЕУ и нејзините врвни раководители, кои својот позитивен став кон Македонија за влез во ЕУ го соопштија пред пратениците и македонската јавност, беа игнорирани. И не само тоа се прејде во напад и омаловажување на напорите на ЕУ и САД. Денешната Претседателка на државата и бројни колеги се повикуваа

на непочитување на копехагеншките критеруми и други меѓународни акти барајќи алиби за неспроведувањето на преземените политички обврски.

Највулагрен е Премиерот на Владата Мицковски кој за домашна употреба постапката и условите кои земјата ги исполни за влез во НАТО и да се усвои консесуално преговарачката рамка, а во тоа спаѓа сесрдната помош и подршка на меѓународната заедница да се изнајдат компромисни решенија кои не го загрозија територијалниот и националниот интегритет Мицковски ги окарактеризира како “виткање кичма”, како “бакнување на чевлите на нашите соседи, при што тогаш се молчело

зошто не ни пречело”, “тогаш тоа било убаво, европска вредност” а сега кога сме реагирале, еве затоа реагираме и ќе реагираме.

Да сумирам: ако Владата на ВМРО ДПМНЕ со своите партнери му даде подршка на Мицковски да настапи пред Советот на ЕУ со ВМРООВСКИОТ нихилизам на се што ЕУ и САД помогнаа за приемот на земјата во НАТО и ЕУ и усвојувањето на преговарачката рамка за влез во ЕУ во стилот виткање кичма, бакнување на чевлите на нашите соседи при што се молчело зошто тоа било европска вредност ќе доживее поголема и потрагична катастрофа од онаа што македонската делегација ја доживеа во Софија.

Од Фејзбук ѕидот на авторот

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.