Има да си играме пинг-понг со народот до крајот на мандатот. А, крајот како што знаете нема да е скоро. Нека патат!
Како што дознава АХА, ова го истакнал премиерот Мицкоски на брифингот со најбилските соработници после средбата со градоначалничката Арсовска, видно задоволен од себеси и од исходот на средбата.
„Нели гледате како вешто дриблам со ситуацијата. Прво ќе мавнеме на Данела, дека као само таа е крива за катастрофата со Скопје, баш ме заболе што ние им ја тутнавме; па ќе им нафрлиме на СДСМ да глодаат за Гаши; па малку за судство; па ич за ЕУ, а најмалку за стандардот на граѓаните. Ќе ги оставиме мафијашките пресметки на раат. Па ќе се убиваат на сред Скопје секој ден. Маестрално, нели?!“, констатирал Мицкоски.
Додека државата оди во неповрат, градот се гуши во ѓубре, додека синдикалната кошничка надминува илјада евра, a трошоците за преживување растат по 10 евра секој месец, ние ќе си играме пинг-понг со народот давајќи им ситна боранија за занимација. А, што, мислите дека заслужуваат повеќе?, прашал Мицкоски.
Ма заслужуваат жими кабинетот од татко ми. Најважно е да се држат во страв, да се јача национализам, да не се спомнува ЕУ и за стандардот да не прават ич муабет. Има да ги дереме до гола кожа!, рекол Мицкоски.
- Ама шефе, народот не е глуп, веќе му прекурчува, се гледа тоа деновиве, вратил присутен на брифингот.
- А, бе, ајде не ме заебавај, низ насмевка искоментирал Мицкоски. Линк