Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: Секој е подложен на стандардни безбедности процедури кога се користат комерцијални летови, а Османи е секогаш добредојдена

0
By Zoran Ivanov on August 5, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Секој е подложен на стандардни безбедности процедури кога се користат комерцијални летови, па и јас како македонски премиер. Жалиме за последното случување од 2 август. Претседателката на Косово е добредојдена и јас ќе и бидам домаќин доколку патува од Скопје, рече премиерот Христијан Мицкоски во коментар на последните случувања со косовската претседателка Вјоса Османи на скопскиот аеродром.

Според информациите коишто ги добивме од официјалните лица на аеродромот ТАВ е дека се следат јасни, прецизни меѓународни стандарди и процедури кога се користат комерцијални летови и дека на ваков тип на процедури сум подложен и јас како македонски премиер, македонската претседателка како и сите официјални лица коишто го поминуваат ВИП делот, иако морам да кажам дека тој дел јас не го користам, туку го користам делот како и сите граѓани. Но, тоа за нас предизвика навистина едно чувство со кое што жалиме и не сакаме тоа да се повтори. Јас лично истакнав дека претседателката на Косово е добредојдена, како и сите граѓани од Косово и лично следниот пат доколку ја добијам навремено информацијата ќе ми биде задоволство да бидам и да ја пречекам како домаќин на аеродромот и заедно со мене додека не отпатува од Скопје бидеме заеднички, ја придружувам во времето кое што таа ќе го помине на Скопскиот аеродром за да избегнеме ваков тип на инциденти, а посебно однос на поединци којшто е наш домашен проблем којшто ние дома ќе си го решаваме, рече Мицкоски во обраќањето на заедничката прес-конференција со косовскиот премиер Албин Курти кој е во посета на земјава.

На новинарско прашање за тоа дали ќе побара одговорност од спикерот Африм Гаши и заканувањето со оружје од страна на припадници од неговото обезбедување кон полициски службеници на аеродромот, Мицкоски рече дека надлежните институции ќе го расветлат случајот и доколку биде констатирани пречекорувања на овластувањата ќе следи и одговорност за истите лица.

Доколку институциите констатираат пречекорување или сторување  кривично дело тогаш бидете сигурни дека истото лице ќе биде изведено пред лицето на правдата. Нема никој да биде над законот во оваа земја. Не постојат такви лица кои ќе бидат над законот додека сум јас премиер, рече Мицкоски.

Прашан дали може да се смета за расчистен инцидентот со косовската претседателка на скопскиот аеродром или тоа сепак ќе влијае на односите меѓу двете земји, Мицкоски подвелече дека самата денешна средба на која биле отворени и други прашања од заеднички интерес на двете држави, потврдува дека односите не само што не се нарушени туку тие ќе добијат нова димензија во позитивна насока во иднина.

Во рамки на денешната седба со Курти, Мицкоски потенцираше дека Скопје се залага за искрени добрососедски односи, а станало збор и за економската соработка и трговската размена.

Како нова Влада нашата цел е да градиме добрососедски односи со сите наши соседи на принципот на двонасочна улица. Исто така, ја истакнавме потребата од зголемување на економската соработка помеѓу двете земји, нешто кое што е многу важно. Во овој момент според последните податоци коишто ги имаме од Државниот завод за статистика е дека размената од 2023 година е на ниво на половина милијарда евра и не гледам причина зошто со напорите на двете влади таа размена да биде уште поголема со изградбата на инфраструктурните проекти, автопатот којшто ќе го поврзе граничниот премин со нашиот главен град, потенцијалниот патен правец којшто ќе ги поврзе Тетово и Призрен итн., приоритети коишто се многу важни, рече Мицкоски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.