Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Многу ходничарење, малку официјални средби – слаба посета на владината делегација и Мицкоски во Вашингтон

0
By Marija Todorovska on July 11, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Како држава сме подготвени да го додадеме својот придонес на сето она што претставува вредност. Тука сме заедно со нашите сојузници за да ја потврдиме нашата посветеност, како и досега, така и во иднина, дека ќе го промовираме мирот, стабилноста и владеењето на меѓународното право“. Оваа изјава на Мицкоски е единствената порака којашто пристигна од Вашингтон.

Клучната порака на Мицкоски од САД е дека сме подготвени како држава да дадеме свој придонес и дека сме заедно со нашите сојузници. Нема ниту збор за најавеното подобрување на позициите на земјата во однос на Бугарија ниту пак за закајнување на македонската позиција во однос на Грција. Од бугарска и грчка страна слушнавме јасно повторување на позициите во однос на Македонија.

Мицотакис порача дека селективната примена на Договорот од Преспа е неприфатлива, додека бугарскиот премиер Главчев рече дека обврските на Северна Македонија кон ЕУ остануваат исти. Се чини дека Мицкоски не се снајде во Вашингтон. Така, освен селфи фотографиите на министрите од делегацијата македонските граѓани ниту видоа ниту слушнаа за некоја значајна средба или порака од Мицкоски важна за позицијата на земјата на меѓународен план и за прашањата со соседите.

Освен веќе чуените пораки за свиткана кичма, кои не помагаат во меѓународната политика, други конкретни пораки немаше. Мицкоски не успеа ниту да наметне ниту да постави некакво барање за подобрување на македонските државни позиции во однос на Бугарија. Уште повеќе што Мицкоски не успеа да ги побие ниту пораките од Грција ниту пораките од Бугарија.

За средбата со бугарскиот премиер Мицкоски со доцнење од 14 часа објави протоколарен пост и нема никаква официјална информација од македонска страна иако Главчев на долго и широко раскажа детали од нивната средба. Дали причината за тоа е лошиот исход од таа средба јавноста може само да претпоставува. Силните зборови од опозициското време на ВМРО-ДПМНЕ, ветувањата дека нешто ќе се подобри, дека ќе се промени преговарачката рамка, Преспанскиот договор и многу други, многу брзо стивнуваат. Првиот дипломатски настап на македонската Влада на чело со ВМРО-ДПМНЕ најавува дека нема капацитет ниту за подобрувања ниту за промени.

РН

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.