Скопје: Македонска државјанка на 29 годиншна возраст загина во сообраќајната несреќа што се случи денеска на автопатот Егнатиа во правец кон Солун.
Во текот на денешниот ден, во 12 часот по локално време, на автопатот Егнатиа во Република Грција, се случила тешка сообраќајна несреќа, во која го изгуби животот М.Н. државјанка на Република Северна Македонија.
Воедно, информираме дека засегнати се и три наши државјанки, сопатници на починатата, А.К (2000) и М.Р (2000), кои добиле тешки повреди и И.Ј (1999) која не е повредена, при што двете повредени се хоспитализирани, се наведува во соопштението од МНР.