Уланбатор: Енергетската зависност на Монголија го отежнува апсењето на рускиот претседател Владимир Путин по наредба на Меѓународниот кривичен суд, изјави портпаролот на монголската влада.
Путин ја посети Монголија на покана на монголскиот претседател Ухнаагиин Курелсух, што го означува неговото прво патување во земја членка на МКС која го ратификуваше Римскиот статут,а кој ги обврзува потписниците да го уапсат Путин доколку тој влезе на нивна територија.
Во март, Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Путин поради присилно префрлување деца од територијата на Украина под руска окупација.
Монголија увезува 95 отсто од своите нафтени деривати и над 20 отсто од електричната енергија од нашиот непосреден сосед (Русија), што претходно беше во прекин од технички причини. Ова снабдување е од клучно значење за да се обезбеди нашето постоење и постоењето на нашиот народ, изјави портпаролот на монголската влада.