Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На брегот на Нов Зеланд пронајден угинат кит од најреткиот вид

0
By Marija Todorovska on July 16, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Угината единка од редок вид китови е пронајдена на брегот на плажа во Нов Зеланд, соопшти во понеделникот тамошниот Оддел за конзервација.

Најверојатно се работи за рамнозаб кит (Mesoplodon traversii). Тие се толку ретки што од 19. век, на науката ѝ се познати само шест примери, според властите. Генетските примероци од угинатиот кит се испратени на анализа, но може да минат неколку недели или месеци за да се обработи ДНК-та и да се потврди видот на китот.

Китот долг пет метри, бил пронајден на 4 јули на плажа во близина на Данедин на Јужниот Остров, соопшти менаџерот за операции на Одделот за таа област, Гејб Дејвис.

– Рамнозабите китови се еден од најнеистражените големи видови цицачи на совремието. Од научна и конзерваторска гледна точка, ова е огромно! Ваков свеж пример ја понуди првата можност досега за сецирање на рамнозаб кит, изјави Дејвис.

Консултирани се и мештаните Маори – за тоа што да се прави со китот?

– Важно е да се обезбеди соодветна почит кон ова „таока“ (богатство), којашто се покажува преку заедничкото патешествие на учење, со примена на знаењето на Маорите, додека откриваме повеќе за овој редок вид, изјави Надија Весли-Смит, претставничка на домородната заедница.

Китот засега се чува во ладилник, до одлуката за следните чекори, соопштија властите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025
ФОКУС

Филипче: До крајот на годината буџетската дупка ќе изнесува 1,4 милијарди евра

ВЕСТИ October 15, 2025

Лидерот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција говорејќи за економските индикатори, изјави дека состојбата…

Донации во пари за првите десет дена од кампањата за локалните – за ВМРО-ДПМНЕ 423.000 евра, за СДСМ 7.000 евра

October 14, 2025

Прогласени лауреатите на наградата „Европско наследство“ за 2025 година 

October 14, 2025

Претседателката на ЕК, Фон дер Лајен најави отворање „фабрики за вештачка интелигенција“ во Северна Македонија и во Србија

October 14, 2025
ТИКЕР

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.