Времето на чекање за влез во Македонија на граничниот премин „Табановце“ е околу 40 минути, а на граничниот премин „Богородица“ се чека до 30 минути за излез . На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од Автомото Сојузот на Македонија (АМСМ).
Од АМСМ препорачуваат прилагодување на брзината на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.