Крива Паланка: На Граничниот премин „Деве Баир“ денеска во 10.30 часот на влез во Република Северна Македонија, се пријавил Д.Д. (43) од Скопје.
При редовната пасошка контрола е констатирано дека лицето е заведено на стоп листата со мерка „лиши од слобода“ за кривично дело по член 313 од КЗ и за кој од страна на Основен суд Скопје 1 на 18.12.2017 е одредена мерка притвор, по што лицето е лишено од слобода, појаснуваат за МИА од МВР.
Медиумите објавуваат дека станува збор за Дејан Давидовски-Дешо, кој беше баран со меѓународна потерница за настаните во Собранието од 27 април и кој по седум години бегство, на ГП „Деве Баир” на влез во РСМ од Бугарија, се предал на македонските власти.