Скопје: Пред три дена на Инфективната клиника починал 78-годишен пациент кој бил болен од западно-нилска треска.
Институтот за јавно здравје наведува дека смртта е резултат на компликации од вирусот.
Првичните симптоми кај мажoт од Чешиново-Облешево настапиле на 9 септември. Тој не бил во странство, а регионот каде што живее – кочанскиот, е познат по големите роеви на комарци. Болеста не се пренесува од човек на човек, освен преку трансфузија или трансплантација на органи. Болеста се пренесува со каснување од заразен комарец.
Првичните симптоми кај сега починатиот пациент биле телесна температура до 39 степени, малаксаност и немање апетит, но набрзо и вознемиреност, агресивност, афазија и губиток на свест.
Ова е четврти случај на заболен од западно-нилска треска годинава во Македонија.