Политиката понекогаш може да биде тешка и исцрпувачка, па на секого од време на време му треба мала релаксација. Или барем на оние кои не работат 24/7 како Владата на РМ. Своите методи на борба со стресот ги изложи амбасадорот на земјава во Европската унија Андреј Лепавцов. Преку социјалната мрежа Твитер Лепавцов открива дека во петок, на 13 Декември, во 16 19 часот решил да направи мал одмор од работата и да „прелета 903 метри во воздух во експлозии“. Звучи шашаво, и со право затоа што почитуваниот амбасадор нема супермоќи, но затоа многу добро се снаоѓа со видео игрите.
По редицата твитови за средби со политичари и споделување информации од неговите активности како амбасадор, последниот твит кој го краси неговиот ѕид е оној во кој открива дека е љубител на играта Jetpack Joyride за корисниците на Ајпад. Она што веројатно не го знаел е дека требало да ја исклучи опцијата за автоматско споделување на постигнатите успеси во видео играта на социјалните мрежи. Мило ни е што амбасадорот има свој начин за ослободување од стресот, па макар тоа се правело и во работно време. Mу посакуваме многу успеси со желба да за освојување на сите препреки на патот да го престигне моменталниот рекорд и да прелета 13 009 метри во воздух низ динамични експлозии, па да им покаже на своите колеги во ЕУ со кои споделуваат многу заеднички твитови дека Македонците се одлични гејмери.
I just flew 903m in an explosive game of #JetpackJoyride on iPad. http://t.co/ndXqH2mluE pic.twitter.com/hgZPE5kYam
— Andrej Lepavcov (@lepavcov) December 13, 2013