Лондон: Повеќе од 10.000 милионери ја напуштиле Велика Британија во изминатата година, оценуваат аналитичарите на компанијата „Њу ворлд велт“,припишувајќи го тоа на повеќе причини, објавија денеска британските медиуми.
Даноците, како и растечката моќ на САД и Кина во глобалниот технолошки сектор, се наведени како некои од причините.
Меѓу потенцијалните причини за заминувањето на милионерите од Велика Британија, беше споменато сè помалото значење на Лондонската берза, како и влошената состојба на здравствениот систем во таа земја.