Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Над 300 набљудувачи на ОБСЕ/ОДИХР ќе ги следат изборите

0
By Влатко Чаловски on November 3, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со тим од 14 експерти, 20 долгорочни набљудувачи и 300 набљудувачи на краток рок од земјите членки на ОБСЕ, Мисијата на ОДИХР ќе ги набљудува претстојните парламентарни избори закажани за 11.декември, соопшти шефицата на мисијата, Тана де Зулуета.

На прес-конференција, де Зулуета информираше дека набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР стартувала денес со средби на делегации во македонското Министерство за надворешни работи и Државната изборна комисија.

На 9.ноември ширум земјава експертите и долгорочните набљудувачи ќе бидат распространети на локално ниво, а веднаш по пристигнувањето на краткорочните 300 набљудувачи, неколку дена пред изборите, и тие ќе ги заземат своите места ширум Македонија.

– Мисијата ќе ја оценува усогласеноста на овие избори со заложбите на ОБСЕ и другите меѓународни обврски и стандарди за демократски избори, како и со домашните прописи. Набљудувачите внимателно ќе ги следат регистрацијата на кандидатите и гласачите, активностите во кампањата, работата на изборната администрација, соодветните владини институции, како и известувањето на медиумите, изјави де Зулуета меѓу другото.

obse-1На самиот ден на изборите, набљудувачите ќе го следат отворањето на гласачките места, гласањето и пребројувањето на ливчињата како и сумирањето на гласовите, а заклучокот на ОБСЕ/ОДХИР ќе го пишуваат делегации на Парламентарното собрание на ОБСЕ и Парламентарното собрание на Советот на Европа. Целосниот извештај ќе биде објавен за речиси осум седмици од изборите.

На прашањето на НОВА, кои се механизмите на ОБСЕ/ОДИХР да постапува по евентуални прекршоци за време на изборниот процес, бидејќи и во минатото извештаите на ОБСЕ/ОДИХР забележуваат нерегуларности, де Зулуета вели, тие само нотираат и објавуваат, а должноста за интервенции останува на властите.

– Ние само набљудуваме, не интервенираме. Забележуваме во извештајот и го презентираме во јавноста, но обврска на властите е да одговорат на нашите забелешки, потенцира де Зулуета.

Токму вакви слични забелешки ОБСЕ/ОДИХР имаше нотирано во извештајот кој го објави во јули годинава за изборите кои требаше да се случат на 5.јуни според Договорот од Пржино, а кои подоцна беа презакажани.

Во извештајот помеѓу другото забележано е дека избирачите биле заплашувани во комбинација со страв од одмазда од страна на државните претпријатија и институции, додека одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов за аболиција на 56 лица кои се под истрага или осомничени за вмешаност во скандалот со прислушкувањето само ја продолжи кризата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

ВЕСТИ November 6, 2025

Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го прими уверението и најави дека од вечерва…

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.