Во Собранието на Северна Македонија денеска ќе биде доделена државната награда „Мито Хаџивасилев-Јасмин“ за остварувања во областа на публицистиката и новинарството.
Добитници на наградата, според одлуката на Одборот за доделување на оваа државна награда, се Тошо Филиповски и Томислав Кежаровски за остварувања во областа на публицистиката и Аделина Марку и Марјанчо Николовски за остварувањата во областа на новинарството.