Од 1. септември се воведуваат построги правила за течности и гелови во рачниот багаж. Повторно ќе стапат во сила на сите аеродроми во Европска Унија, соопштуваат од повеќе меѓународни аеродроми.
Со новите правила на патниците ќе им биде дозволено да носат течност или гел до 100 милилитри и тоа само во проѕирна пластична кеса со максимален волумен од еден литар.
Од овие правила се исклучени лековите и течната храна за бебиња.
Безбедносните правила за течности и гелови првпат беа воведени во 2006 година, а тие беа олеснети на некои аеродроми каде што багажот можеше да се провери со помош на скенери.
Повторното воведување поригорозни мерки е поради тоа што ЕУ се сомнева во веродостојноста на новите инсталирани скенери на аеродромите.