Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Најавата за задолжување на Македонија со  кредит од  милијарда евра за експертите е загрижувачки потег

0
By Zoran Ivanov on May 12, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Емилија Мисирлиевски

Најавата за задолжување на Македонија со  кредит од  милијарда евра за која веќе преговарал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски со влада на друга земја,   за експертите е загрижувачки потег,  затоа што не се знаат условите и потсетуваат на едно лошо искуство со познатата „Милијардата од Тајван“ и пеналите што ги плаќаше  државата пред повеќе од две децении.Економскиот аналитичар Абил Бауш вели дека иако можеби намерите се добри, сепак вакви изјави повеќе наликуваат како идниот мандатар да е се уште во кампања.

-Правиш договор со  кој што  ја задолжуваш дравата со втора страна, трета страна, без никакви поставени услови, те тера да размислуваш дека станува збор за сомнителен договор.  Иако, можеби се сите намери позитивни, сепак мора да се каже дека ние сме во процес на интеграција, во процес во кој можеме многу подобри средства да добиеме од ЕУ ако го држиме тој курс на реформи и евроинтеграции, вели Абил Бауш, економски аналитичар.

Според Бауш, ВМРО-ДПМНЕ не  ги доби овие избори  за да ја задолжи државаат со една милијарда евра , туку со  програма во која се најавуваа  длабоки реформи во даночната политика, борба против корупцијата, зголемена транспарентноста, поголеми штедења во Буџетот, покорисно алоцирање на тие средства.

-Мислам дека таа програма беше многу добра и сега во еден момент, уште пред да седне во таа фотелја дава една бомбастична изјава со која се очекува да земемем средства од втора држава, со услови кои јавноста не ги знае, а улогата  веќе  не е му опозицска, туку тој е мандатар и сериозно треба да се зафати со ова, вели Бауш.

Задолжувањето од  милијарда  евра  Мицкоски го најави на КАНАЛ 5 во првото интервју по изборите . Рече дека станува збор за финансиски пакет од друга држава, со поволни услови, атрактивна каматана стапка и добар грејс период. Тој рече дека споредбата со милијардата од Тајван е превулгарна, затоа што тоа биле  други околности.  Но немаше детали од каде се средствата, како ќе се реализираат и за што ќе бидат употребени.

Од  ВМРО-ДПМНЕ за Телма тврдат дека финансиите нема да бидат земени од Кина, Турција или Русија, а на прашањето дали станува збор за пари од Обединети Арапски Емирати немаше прецизен ниту потврден одговор..

Според информациите на Телма, за проектот со финансиски пакет од милијарда евра бил задолжен и го преговарал поранешниот министер за финансии Зоран Ставревски. Линк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025
ФОКУС

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

ВЕСТИ September 25, 2025

Од утре стапуваат на сила нови измени во Законот за безбедност во сообраќајот кои предвидуваат…

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

September 24, 2025

Трaмп: Кијив може да ја врати целата украинска територија освоена од Русија

September 24, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.