Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Наместо да се во затвор, двајца станаа осомничени за убиството на златарот кај Мавровка, додека МВР ги барало со потерници?!

0
By Zoran Ivanov on August 22, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лицето Е.К. избегало од КПУ „Идризово“ на 15 април 2024 и од страна на МВР била распишана централна потерница истиот ден. Лицето А.К. избегало од КПУ „Затвор Скопје“ на 22 јули 2024 и од страна на МВР била распишана централна потерница истиот ден, велат од МВР за „Слободен печат“.

Мирослава Симоновска

Двете лица кои се осомничени за убиството на златарот Васил Ефтимов (58) кој беше убиен кај трговскиот центар „Мавровка“ – дента кога се случи убиството на паркингот требало да бидат во затвор и да издржуваат затворска казна. „Слободен печат“ доби потврда од Министерството за внатрешни работи на нашите прашања, дека овие две лица, од кои едното е во притвор, а второто вчера самото се пријави во полициска станица – се всушност избегани осуденици од македонските затвори за кои полицијата имала распишано централни потерници.

Убиство кај Мавровка/ Фото: Слободен печат, Методи Здравев

И покрај потерниците, МВР не успеа да ги врати в затвор лицата, па тие успеjаа да станат осомничени за убиство и помагање. Жртва на ваквата безбедносна ситуација е 58-годишниот златар Ефтимов. Директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов, неодамна имаше прес-конференција на која истакна дека затворите се „хотел-промаја“, односно дека при вонредни надзори е утврдено дека дел од затворениците што треба да се во ќелија, не се знае каде се

Лицето Е.К. избегало од КПУ „Идризово“ на 15 април 2024 и од страна на МВР била распишана централна потерница истиот ден. Лицето А.К. избегало од КПУ „Затвор Скопје“ на 22 јули 2024 и од страна на МВР била распишана централна потерница истиот ден, велат од МВР за „Слободен печат“.

Истиот ден кога се случи убиството МВР со специјални полициски сили, хеликоптери и дронови се впушти во потера, го фати и го лиши од слобода 39-годишниот Е.К. од Скопје. Вчера пак, во станица сам се пријавил вториот по кого МВР трагаше.

Основното јавно обвинителство Скопје е известено од Министерството за внатрешни работи дека во текот на вчерашниот ден е лишено од слобода едно лице за кое постои сомнение дека било инволвирано во кривично-правниот настан – убиство кај Трговскиот центар „Мавровка“.

Во тек се вештачењата на материјалните докази со кои се утврдува основаноста на сомненијата за вклученост на ова лице во настанот. Со оглед на тоа што приведениот е осудено лице за друго кривично дело и бил во бегство од КПУ Затвор – Скопје врз основа на издадената потерница и по консултација со јавен обвинител, тој денеска е вратен во затворот со максимални мерки за обезбедување, велат од Јавното Обвинителство.

Жртвата Васил Ефтимов, е косопственик на златарскиот дуќан „Дона“ во Трговскиот центар „Бисер“, семеен бизнис кој го имал со сопругата врз која на денот на убиството беше извршен грабеж, односно одземен ѝ беше лаптопот.

Поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска, прва го иницираше прашањето вчера.

Дали сторителите на вчерашното убиство во сред бел ден, во центарот на Скопје се двајца осудени криминалци кои наместо да се в затвор, биле на слобода и дали е точно дека по нив е распишана потерница пред повеќе од 30 дена? Во тоа време обврската за нивно пронаоѓање и враќање во затвор е на Министерството за внатрешни работи. Ако биле во затвор, каде што и требало да бидат, немаше да го извршат вчерашното убиство. Значи, да го повториме прашањето: Дали сторителите на вчерашното убиство во сред бел ден, во центарот на Скопје се двајца осудени криминалци кои наместо да се в затвор, биле на слобода и дали е точно дека по нив е распишана потерница пред повеќе од 30 дена, праша Петровска и додаде дека ќе поднесе кривична пријава до МВР бидејќи трпи притисоци, следења и фотографирање од непознато лице, кое ѝ се заканува.

Според Обвинителството, на 20 август, со пиштол „глок“ од 9 милиметри, кој што го поседувал без дозвола, осомничениот со умисла и од користољубие го убил Ефтимов по што од неговата сопруга одзел торба со лаптоп и избегал со автомобил „ауди“ без регистарски ознаки.

Убиство кај Мавровка/ Фото: Слободен печат, Методи Здравев

На местото пристигнало и второ возило „цитроен“ со белгиски регистарски ознаки, од кое излегло засега непознато лице и од багажникот на автомобилот на жртвата одзело гајба со рачен алат и исто така се оддалечило.

Автомобилот „цитроен“ вториот осомничен го оставил во Гази Баба и се качил во автомобилот „ауди“, по што продолжиле да се движат, но на улицата „Стојна Стефкова“ биле пресретнати од полициски службеници. Додека другото лице управувало, сега осомничениот излегол од совозачка врата и пукал, обидувајќи се да ги лиши од живот полицајците кои сакале да го запрат.

Четворицата полициски службеници во самоодбрана испукале неколку предупредувачки проектили во воздух со службеното оружје, па го совладале и привеле осомничениот. Линк

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.