Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Не се гради држава со „Итар Пејо“ политика

0
By Zoran Ivanov on October 5, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Интересно е дека оваа итарпејовска политика, која сериозно го врти курсот на државата од Запад кон Исток, доби максимално разбирање и јавно оправдување од ВЛЕН, која во предизборието ветуваше дека без договорени Уставни измени нема да влагаат во Владата. И сето тоа, со политика во манирот на Насредин Оџа, додека траеја јавните препукувања на етнички теми со коалициските партнери од ЗНАМ. Сепак, 100 дена Влада не се доволни да се заборават изјавите на Таравари во кампањата, дека нема да прават Влада ако нема договор за Уставни измени и дека на првите седници ќе побара излегување од иницијативата „Опен Балкан“, која Еди Рама претходно со една изјава ја сруши.

Џелал Хоџиќ

Поминаа 100 дена од новата Влада, доволно време да се заземат позициите, да се направи пресек, да се види по кој пат е тргната работата и да почне да се дава отчет за сработеното. Тоа е така во демократски држави, со демократска јавност. После 100 дена, новата власт веќе треба да претставува активности, да промовира нови проекти, да ги продолжува старите проекти за кои оценила дека се корисни од претходната Влада, а се во насока на остварувањето на нејзината визија и целите. Но знаеме ли која е визијата и мисијата на новата Влада? Каде новиот премиер и неговите коалициски партнери во Владата ја гледаат Северна Македонија за четири години, за осум години, за една деценија од денес?

Владата не дава јасен и гласен одговор на овие прашања, имаме само поставување на дилеми, поплаки и проектирање на Владата, која ја има целата политичка моќ за делување и менување на состојбите, во позиција на жртва на домашни, регионални, европски и светски процеси. Добро, знаевме и пред нив дека животот не е баш праведен, а и дека во политиката големите баш и немаат милост за малите и дека многу често во тие процеси нема правдина. Сепак сето тоа не ја амнестира новата Влада од одговорноста за одлуките кои треба да се носат во процесите кои се пред нас, а се со цел за наше подобро позиционирање за во иднина. Одговорност за одлуките за процесите по дома, за процесите во регионот, па ако сакате и за оние во Европа и светот, сега веќе е јасно кај новата Влада, која има големо и комотно мнозинство во Собранието.

Она што е јасна придобивка во првите 100 дена е дека после овие парламентарни избори, на кои ВМРО-ДПМНЕ победи убедливо, а кои беа фер и демократски, се случи мирен трансфер на власта. Да потсетам, тоа не беше случај во 2017 година кога ДПМНЕ требаше да ја предаде власта во рацете на тогаш новото парламентарно мнозинство.

„Никогаш Северна“ се претвори во „Нас нѐ боли и нѐ пече, но мора да ја прифатиме реалноста“

Некој од стратезите и советниците ги беше излажал Христијан Мицковски и Гордана Силјановска Давкова пред изборите, со погрешно читање и толкување на Преспанскиот договор, па тие засилени во кампањата, многу гласно ветуваа дека немало никогаш да користат, дури ни да ја изговорат придавката „Северна“.  Придавката да ти била многу срамна и дека како носители на највисоки функции го имаат тоа лично право да не ја изговараат. Очигледно трогнати од позицијата дека „Бивша југословенска“ претходно им била многу повеќе достоинствена. И во манирот на Итар Пејо, откако Преспанскиот договор ни ја донесе придобивката во остварувањето на стратешката цел – членство во НАТО, сега можеме да го релативизираме, како сакаме да го толкуваме и секако со иронија и лош хумор да го коментираме. И пробаа тоа со несреќната изјава во заклетвата на Силјановска Давкова за нов Претседател на државата, во која она го игнорира Уставот и името на државата на која станува Претседател. И нормално почнаа реакциите, од дома и од надвор, требаше да ѝ нацртаат дека една држава, членка на НАТО, не може да си дозволи Претседателот да го игнорира Уставот и официјалното име на својата држава. Ако Претседателот не го почитува Уставот, што останува за другите, или за граѓаните?! И токму ова стана аргументот за новиот премиер и Владата да се повлечат од стратегијата која им ја подметнаа пред избори нивните стратези и советници.

Сега на новата Влада, која одредени закони веќе ги усвои со двотретинско мнозинство во Собранието, ѝ останува или да тргне во промена на Уставот, за да го одржи ветувањето пред гласачите, или да признае пораз по ова прашање со „Нѐ пече, нѐ боли, ама само вака можеме напред“. А ова второто е веќе позиција која они ја критикуваа кај минатата Влада, која велеше дека мора да се прават болни нешта за да се остваруваат стратешките цели на државата.

Политиката во манирот на Итар Пејо новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја реплицира секаде. Па најавениот заем од Орбанова Унгарија, од милијарда евра, а кој веќе половина е усвоен во Собрание, е аргументиран како да лично Итар Пејо ги изнесува аргументите. Во време кога цела Европска унија, цел демократски Запад е конфронтиран со авторитарниот лидер на Унгарија, по многу прашања, од руската агресија врз Украина, санкциите кон Русија, внатрешната агенда на ЕУ, погледите кон проширувањата, нашите итарпејовци велат „Кредитот доаѓа од држава членка на ЕУ и на НАТО“, „Подобри услови никој не ни дава“ и „Па ако не, нека ни дадат они пари наместо него“. И што е најлошо, итарпејовците мислат дека со ова ги излажале, ги зезнале, ги надмудриле стратешките и традиционалните партнери на нашата држава.

Итар Пејо не е сам, има голема поддршка од Насредин Оџа

Можеби би било добро премиерот Мицковски, вицепремиерите Меџити и Николовски, како и министерот за надворешни Муцунски, да видат некој од стратезите и советниците во Влада да им направи анализа колку поволни кредити како држава сме добиле во овие три и кусур децении од финансиските центри како ММФ и Светската банка и колку неповратни средства сме добиле од САД, Германија, Велика Британија и ЕУ. Ова итарпејовско однесување, во овој кризен момент и војна на европско тло, ние сега да се лепиме како држава за интересите на путиновата пудлица (Виктор Орбан) во ЕУ, тоа почитувани, нема да ни биде заборавено како на држава. Напротив, ќе ни биде соодветно фактурирано, кога-тогаш.

Интересно е дека оваа итарпејовска политика, која сериозно го врти курсот на државата од Запад кон Исток, доби максимално разбирање и јавно оправдување од ВЛЕН, која во предизборието ветуваше дека без договорени Уставни измени нема да влагаат во Владата. И сето тоа, со политика во манирот на Насредин Оџа, додека траеја јавните препукувања на етнички теми со коалициските партнери од ЗНАМ. Сепак, 100 дена Влада не се доволни да се заборават изјавите на Таравари во кампањата, дека нема да прават Влада ако нема договор за Уставни измени и дека на првите седници ќе побара излегување од иницијативата „Опен Балкан“, која Еди Рама претходно со една изјава ја сруши.

Политиката на ВЛЕН, во манирот на Насредин Оџа, е многу тивка кога Гордана Силјановска Давкова, за чиј избор ВЛЕН даде сериозна поддршка, кога на средба со колегата Вучиќ гордо ќе каже „… ако воопшто има страни“ (страни измеѓу Северна Македонија и Србија). Ветувањата на политиката на ВЛЕН кон гласачите беа на линија да му се помогне и од Скопје на Албин Курти да ја спречи Србија да го претставува Косово како своја страна, а не да помогнат да дојде Претседател на држава кој ќе ја релативизира страната на македонската држава во однос на Србија, плус сето тоа „мудро“ да го премолчува.

Новата Влада ги менува стратешките интереси на државата

Се прашувам која е процената на претседателот на Собранието, г-дин Африм Гаши, после неговата средба со Виктор Орбан, дали исламофобичните изјави на Орбан во блиското минато се само ултрадесничарски популизам или се суштина во неговата политика? Дали Орбан на муслиманите во Северна Македонија гледа како на оние во БиХ, но и на оние во Албанија и Косово?

Да резимираме, од активностите во првите 100 дена нова Влада, јасно е дека нема европски интеграции, има нови караници со Грција и Бугарија, наместо САД, нов стратешки партнер ни е авторитарната власт на Орбан, а остануваме сами во срушениот проект на Опен Балкан со Србија на Вучиќ. Прашање на време е кога итарпејовската политика ќе доживее пораз и во односот кон Бугарија, како што доживеа со Грција. Потоа ќе остане домашниот полигон за етнички тензии, како продолжеток на коалициската соработка и препукувања помеѓу ЗНАМ и ВЛЕН.

Веројатно, сепак, најголема симболика за 100 дена Влада и менувањето на стратешкиот курс на државата, го имаме во најавата од градоначалникот на Куманово, г-дин Димитриевски, инаку трет партнер во Владата, за изучување на рускиот јазик во неговата општина, по средбата со амбасадорот на Русија.

Нека ни е со среќа на сите граѓани, без разлика на етничката и верската припадност, во Република Северна Македонија!

Текстот е сопственост на Фронтлајн.мк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

На првото патување тргна првиот воз во Европа без машиновозач

September 30, 2025

Зеленски: Украина испраќа воен тим во Данска за вежба против руски дронови

September 30, 2025

Чешка го ограничува влезот на руски граѓани со дипломатски пасоши и деловни визи

September 30, 2025

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025
ФОКУС

Вашингтон до Курти: Прекинот на дијалогот меѓу САД и Косово е поради вашата влада, а не поради Србија

ВЕСТИ September 30, 2025

Стејт департментот порача дека САД се подготвени да соработуваат со косовската влада, но дека очекуваат…

„Ако не го прифатите, ќе биде тоа тажен крај“ – Трамп му даде 4 дена на Хамас за планот за Газа

September 30, 2025

Министерот за одбрана на САД до американските генерали и адмирали: Подгответе се за војна

September 30, 2025

Нетанјаху тврди дека воопшто не прифатил палестинска држава во разговорите со Трамп

September 30, 2025
ТИКЕР

На првото патување тргна првиот воз во Европа без машиновозач

September 30, 2025

Зеленски: Украина испраќа воен тим во Данска за вежба против руски дронови

September 30, 2025

Чешка го ограничува влезот на руски граѓани со дипломатски пасоши и деловни визи

September 30, 2025

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.