Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нека виси Педро!

0
By Zoran Ivanov on September 3, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Мицкоски ја бараше и ја доби апсолутната власт. Има и претседателка, ги доби и двете третини во Собранието, а да не ја заборавиме и речиси целосната контрола врз општините. Како тргнало и Град Скопје ќе биде под нивна контрола. Оттука за обичните граѓани е неразбирливо, што критиките не престануваат.

Соња Кириџиевска

Премиерот Мицкоски ја бараше и ја доби апсолутната власт. Има и претседателка, ги доби и двете третини од седиштата во Собранието, а да не ја заборавиме и речиси целосната контрола врз општините. Оттука за обичните граѓани е неразбирливо што критиките за претходната власт не престануваат. Да не заборавиме дека тие веќе ги имаа суштинските информации за приливите на средствата во буџетите и преку нивните дополнителни заменски министри. И сега, што не им е јасно?

Веќе трет месец откако се на власт, новите министри и премиерот Христијан Мицкоски го користат секој јавен настап за да нè убедат како нивните претходници направиле ’ршум по институциите, а резултатот од нивното недомаќинско работење е пуста ледина (читај празни буџети). Граѓаните чекаат разврска, но сè помалку им веруваат на празните зборови коментирајќи дека ВМРО-ДПМНЕ веќе не е во опозиција, а институциите нека се впрегнат да ги истражат сомнежите. Вака се сведува на стариот виц за трите плика што премиерот му ги дал на неговиот наследник со совет: „Како ќе ти станува тешко, отворај ги по ред, еден по еден“. Нашите нови властодршци се во фазата: „За сите проблеми обвини ја претходната влада“.

„Оставија буџет без пет милијарди денари, редовни пари за пензионерите. Затоа што шверцерски исплатиле една пензија во фискална година за претходната. Пет милијарди заборавиле, не знам како. Понатаму заборавиле 3,7 милијарди денари за земјоделците, не знам како, еве прашајте ги нив нека ви кажат. Ги нема, па моравме ние да ги наоѓаме“, ќе рече премиерот Мицкоски.

„Во овој краток период додека се подготвуваше ребалансот, отворив многу прашања, но добив и многу непријатни изненадувања. Ветив дека ќе бидам искрена пред граѓаните. Затекнуваме состојба што значи држава во хаос и долгови. Буџет што е список на желби и предимензионирани плаќања, наместо креиран развој“, набројуваше министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Со посветена работа на тимот од Јавното претпријатие за државни патишта, од состојба 10 спрема 1 во долгови, сега состојбата е десеткратно подобрена, се пожали па се пофали и министерот за транспорт и врски Александар Николоски. И актуелниот директор на ЈПДП не остана покус и обелодени дека состојбата со сметката во претпријатието била во многу лоша состојба со преку 1 милијарда денари долгови, но дека за два месеца состојбата значително е подобрена.

Црни констатации слушнавме и од министерот за култура и туризам кој најави дека ќе треба да се истражи проект по проект. И неговата колешка од ресорот образование ја фрли вината врз празниот буџет за тоа што наставниците ќе добијат повисоки плати во март идната година, наместо сега во септември. Весна Јаневска беше категорична дека нема пари за 12-процентно покачување на почетокот на учебната година, бидејќи претходната влада оставила празен буџет и средствата не ги планирале правилно.

Лелеците на новите власти за тоа колку нивните претходници им ја усложнуваат работата не се изум и на нашата, најнова. Таквиот рецепт, како што и ние сведочиме низ години, се применува при секоја промена на власта. Малкумина се сеќаваат на големиот хит на поранешната југословенска и хрватска група „4М“, која во шеесеттите години на минатиот век го пласираше хитот „Нека виси Педро“. Текстот на песната одеше некако вака: Кога ќе пропадне претпријатието и кога совеста ќе банкротира или кога трубата свири криво, секогаш има еден Педро. Рефренот што сите го пееја, звучеше вака: Целата вина нека падне врз Педро, нека виси Педро, по Педро удри критики, нека виси Педро!

Премиерот Мицкоски ја бараше и ја доби апсолутната власт. Има и претседателка, ги доби и двете третини во Собранието, а да не ја заборавиме и речиси целосната контрола врз општините. Како тргнало и Град Скопје ќе биде под нивна контрола. Оттука за обичните граѓани е неразбирливо, што критиките не престануваат. Да не заборавиме дека тие ги имаа суштински информации за приливите на средствата во буџетите и преку нивните дополнителни заменски министри.

И сега, што не им е јасно?

Ако продолжат по актуелниот терк, јавноста ќе почне да се прашува дали се избегнуваат суштинските моменти за „одличниот заем од Унгарија вреден 500 милиони евра“, или, пак, дали партијата на власт е таа која ја минира скопската градоначалничка, а Скопјани се оставени без градски превоз и се задушуваат во смет. Медениот месец одамна заврши, а полека ги снемува и Педровците што треба да висат…

Текстот е сопственост на Слободен печат.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.