И се` помина не само како невиден дипломатски скандал и виткање кичма туку како кршење глава!
Тито Беличанец
Сум бил потпретседател на ИС/Влада и сум учествувал на бројни официални посети во федерална или републичка делегација или сум примал или присуствувал на прием на странски државници, но овој циркус не е виден и доживеан.
Им шепнале од Калето покажете добра воља за соработка со Бугарија и ВМРООНИВЕ без било какви сериозни дипломатски подготовки се самопоканиле како државна делегација на културен настан и дале можност на бугарскиот државен протокол да бидат третирани како да се во неформална посета.
Бугарија, посебно Радев пред и за време на приватната посета ја злоупотребуваат така што во јавноста настапуваат како да е “државна посета” и удираат шлаканици на Македонија со поуки како треба да се однесува во меѓународните и билатералните односи како да македонската држава вреќа на која тренираат боксерите.
И се` помина не само како невиден дипломатски скандал и виткање кичма туку како кршење глава!
П.С. Од лутина ми паѓа на памет и помислата толку е се наивно што се случува и да не е ова првиот чекор кон “бугаризација” на македонската држава
Од Фејзбук ѕидот на авторот