НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николовски: Досега немало толку неспремна влада со толку лош почеток и со еден тон скандали

0
By Marija Todorovska on October 2, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од земја со јасна перспектива напред, јасен план за развој и раст на секое поле во рамки на ЕУ. ВМРО-ДПМНЕ за 100 дена ја закопа европската иднина на државата а со тоа ќе го губиме пазарот и фондовите.

Дестан Јонузи

Поранешниот министер за земјоделие и актуелен пратеник од редовите на СДСМ, Љупчо Николовски во изјава за „Фронтлајн“, зборува за 100 дена на коалиционата влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ.

Тој вели дека досега немало толку неспремна влада со толку лош почеток на владеењето и со еден тон скандали.

– Имаше голема поддршка на изборите, огромни очекувања и уште поголеми разочарувања. 100 дена изневерени ветувања, изговори, скандали, разочарувања и назадувања. Имаме 100 дена изговори наместо решенија, изолација наместо интегрирање и општество во кое доминира неизвесноста. Нема стратегија, план и визија и нема тим во Владата туку секој работи што ќе му текне. ВМРО-ДПМНЕ ветуваше Македонија која ќе биде повторно ваша, но добивме Македонија која е повторно само нивна и е безсперспективна. Едно се зборуваше пред а друго се прави по изборите во секој сегмент. Од закони во скратена постапка, коалиција со криминалната ДУИ, зголемувањето наместо намалување на бројот на министри, нови заменици, државни секретари, нови дупли заменици директори, нови и нови национални координатори, катастрофална кадровска политика со некомпетентни стари исикомпромитирани кадри и задоволување на партиски потреби, замижување и правдање на сите скандали а не одговорност, изјави Николовски за „Фронтлајн“.

За прв пат, вели нашиот соговорник, почна намалување на просечната плата, нема зголемување на минималната, нема ниту еден сектор каде растат платите, реално нема ниту една нова инвестиција освен тие што биле преговарани од СДСМ, се зголеми долгот на граѓаните над 60 %, за прв пат кредит од држава земаме и се вртиме кон исток, нема реално мерки за намалување на цените и сите мерки беа задоцнети, безбедноста на граѓаните е загрозена, изгоре 10% од териотијата на земјата односно ова лето изгоре повеќе шума од последните 12 години заедно , ги прекинаа преговорите со ЕУ за да земаат сомнителни креити и тоа е најголемиот пораз од независноста.

– Од земја со јасна перспектива напред, јасен план за развој и раст на секое поле во рамки на ЕУ. ВМРО-ДПМНЕ за 100 дена ја закопа европската иднина на државата а со тоа ќе го губиме пазарот и фондовите. Бевме пред Хрватска во 2005 а сега сме со Босна и Косово. Ветуваа распуштање на советите на обвинители и судии , враќање на името и нова преговарачка рамка. ВМРО-ДПМНЕ ги разочара сите по ова прашање. И оние кои се надеваа дека Преспанскиот не е готова работа, но и оние кои се надеваа дека ВМРО-ДПМНЕ има план да ги продолжи евроинтеграциите на подобар начин од СДСМ, истакана тој.

Николовски посочи дека во првите месеци од новата Влада не видовме ниту еден конректен проект или реформа освен оградата пред Владата, споменикот на Ќосето и задолжување на граѓаните со кредитот од Унгарија.

– Безидејност, немање на визија и концепт за поддршка и развој на секторот земјоделство. Затоа гледаме и секојдневно слушаме закани, конструкции, лаги и празни обвинувања. На граѓаните им е преку глава од театри и демагогии. Земјоделците очекуваат зголемен буџет, нови мерки и програми, силна поддршка. Нема ништо од тоа. Нема редовни субвенции, нема гарантирани откупни цени, нема ниту една нова мерка а сакаат да ја укинат и авансната предвремена исплата на субвенциите кон земјоделците. Имаме катастрофална кадровска политика, над 30 професионалци си заминаа од министерството, вработените работат во страв и се вршат тортури, се распоредуваат, се суспендираат и не им се продолжуваат договорите, се служат со конструкции и лаги. Токму затоа и нема никаков резултат и ниту една нова мерка 100 дена. Состојбата што ја наследи овој министер можев само да ја сонувам во 2017 год со исплата само на субвенции за тековна 2023 год додека ние моравме да обезбедивме пари за неисплатени субвенции и за 2012 и 2013 година, анализира пратеникот Љупчо Николовски.

Тој вели дека актуелната влада ги закочи исплатите на субвенциите за земјоделците и сточарите скоро два месецу после ребаланост.

– Со ребалансот ги скратија програмите. Реализацијата на програмите е на најниско можно ниво. Програмата за рурален развој која има најголем број на корисници земјоделци, нема ниту еден јавен повик објавен, а колку за споредба во овој период од годината, во владата на СДСМ веќе имаше повеќе од 10 јавни повици за финансиска поддршка спроведени. Затоа реализацијата на Програмата е на фрапантни 26%. При откупот нема институционален дијалог ниту креирање мерки. Ниски цени на пченицата, јачменот, оризот, пиперката, сливите. Се пофалија со донесената Методологија за пресметка на производната цена на грозјето, а таа произлегува од Законот за вино кој го донесе во април оваа година СДСМ, нагласи нашиот соговорник.

Потенцира дека нема поставеност во делот на цените на основните продукти. Задоцнети и нецелосни мерки за ограничување на маржите а не за замрзнување на цените како што го правевме ние во време на криза.

– Дури ни во најголемите кризи кога СДСМ беше предводник на владата, немаше толку високи цени на храна во маркетите, очигледно дека владата на ДПМНЕ нема појма што треба да направи за да го задржи стандардот на граѓаните, а во целата безидејност, се повикуваат на Законот за нефер трговски практики, кој повторно е изработен и донесен од СДСМ. Нема ниту една нова мерка во земјоделството. Ги критикуваа нашите ама сега ги фалат истите. И повиците за земја, зелената нафта, интервентниот фонд, договорите за продолжување во Св. Николе, договори за локални манифестации, проектот за откупување во Пелагонија кој веќе го почнавме во март оваа година. Се пофали министерот со доделени договори за ИПАРД 3 и во објавата „гордо“ напишаа дека се делат првите договори а ние веќе во март ги доделивме заедно со делегацијата на ЕУ поголемиот број на договори од овие повици. Се китат до туѓи перја, вели во својата анализа за „Фронтлајн“, пратеникот Љупчо Николовски за 100 дена владењее на Мицкоски.

Текстот е сопственост на Цивил Медиа 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025

Дачиќ по синоќешните протести во Србија: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир

August 17, 2025
ФОКУС

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

ВЕСТИ August 17, 2025

Најмалку 21 лице денеска беше убиено од израелски оган додека се обидувале да добијат помош…

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.