Киев: Руските вооружени сили во текот на ноќта извршија нов масовен напад врз енергетската инфраструктура во западна и јужна Украина, соопшти украинското Министерство за енергетика.
Објектите на украинскиот оператор Укренерго се оштетени во регионите на Лавов на запад и на Запорожје на југ, каде двајца работници се повредени и хоспитализирани, додава Министерството.
Во соопштението се наведува дека ова е осми масовен напад врз украинските електрани во последните три месеци, поради што често се прекинува струјата.