Берлин: Најмалку шест лица се повредени, од кои три се во критична состојба, во напад со нож во автобус во западниот германски град Зиген, пренесува ДПА.
Осомничена за синоќешниот напад е 32-годишна жена.
Германската полиција соопшти дека најмалку 40 луѓе се наоѓале во автобусот кој патувал на градскиот фестивал во Зиген, кој се наоѓа на околу 75 километри источно од Келн, кога се случил нападот околу 19:40 часот.
Неколку патници ја алармирале полицијата, а полицајците ја уапсиле осомничената, германска државјанка.
Мотивот на злосторството засега е непознат. Полицијата соопшти дека нема индикации за терористички напад.