Нападот во Одеса покажува дека Русија е заинтересирана само за војна и дека земјите-членки на Г20 – кои моментално се состануваат на самитот во Рио треба да го земат предвид тоа, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Ракетниот напад оштети неколку згради во станбениот дел на југозападниот град, при што загинаа најмалку осум лица, а најмалку 18 се повредени, рече Зеленски.
Тој преку „Телеграм“ изрази сочувство до семејствата на жртвите.
Ова не се случајни удари, тоа се целни напади. „Русија покажува кој е нејзиниот вистински интерес – само војна, напиша Зеленски.