Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нова клима во Македонија: Мицкоски ја најавува Вабтек како нова инвестиција, за СДСМ тоа е замајување на јавноста со компанија која работи 16 години во земјата, Деспотовски упати честитки

0
By Marija Todorovska on July 9, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Б. Ј 

Премиерот Христијан Мицкоски  со задоволство ја информираше македонската јавност дека компанијата Вабтек одлучи да го зголеми своето производно портфолио со уште една дополнителна инвестиција која што ќе биде во Технолошко индустриско развојната зона Скопје.

Инвестицијата ќе биде од 35 милиони евра и станува збор за нови повеќе од стотина работни места.

Мицкоски во своето видо обраќање од Вашингтон нагласи дека Владата на овој начин сака да покаже дека практично ја менува климата во земјава за домашните и странските инвеститори.

Извршниот потпретседател на Вабтек, како што соопштија од владината прес служба,  истакнал дека со Мицкоски се разговарало не само за проширување на производството на Вабтек во земјава, туку и повеќе можности како на компанијата така и за Република Северна Македонија.

Вабтеке компанија за транспорт, која во Македонија работи, како што велат од СДСМ веќе 16 години. Она за што зборува Мицкоски е  барање на компанијата Вабтек за проширување на операциите во државата.

„За ова нивно барање се водеше постапка одамна во рамки на институциите кај нас при што заради негативно мислење на Комисијата за заштита на конкуренција тоа не се реализираше. Во рамки на овој процес имаше и судска постапка“, стои во соопштението на СДСМ.

Мицкоски ја замајува јавноста со лажни ПР промоции, велат од партијата.

„И кога веќе е решен да манипулира, го повикуваме исто така да ги објави условите под кои ќе го проширува производството компанијата Вабтек и што точно е договорено со компанијата“, велат од СДСМ.

Сепак, Јован Деспотовски, веќе поранешен директор на ТИРЗ, кој не успеа да стане претседател на СДСМ, упати честитки и ги објасни причините поради одолговлекувањето на дополнителните инвестиции на Вабтек во Македонија.

Деспотовски на својот Фејсбук профил, напиша дека заслужува да се поздрави решеноста на Владата “да пресече” и оваа инвестицијата која е важна за сите граѓани да се случи.

„Повеќе од две години со тимот од ТИРЗ работевме заедно со оваа компанија, која веќе вработува над 350 наши сограѓани. Се боревме заеднички со предизвиците од различни институции. Институции и политичари кои заборавија дека работат за интересите на државата и граѓаните. Се боревме и на суд, каде добивме заедно со компанијата. Одлуката сè уште не е спроведена. Сепак, добро е што овие предизвици се сега минато“, објасни Деспотовски.

Дали е брука и срамота за новата Влада, како што вели СДСМ или пак, е за честитање, како што смета Деспотовски, допрва ќе се покаже.

*

Вабтек МЗТ АД Скопје во 2008 г. Станува дел од Westinghouse Air Brake Techologies Corporation (WABTEC),Вилмердинг Пенсилванија САД под името Вабтек МЗТ. Познат светски производител на „high-tech” опрема- подсклопови и компоненти за локомотиви,товарни возови и патнички шински возила. Вабтек минатата година според Македонската берза била во загуба над 3 милиони евра.

Цивил Медиа 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.