Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новинарката Мирослава Симоновска следена и неовластено фотографирана – реагираат ЗНМ и ССНМ

0
By Zoran Ivanov on November 2, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изразуваат сериозна загриженост поради последното прекршување на основните права на новинарката од „Слободен печат“ Мирослава Симоновска, поради неовластеното снимање и дистрибуција на видео на кое таа наводно прима документ.

Ова видео, кое беше проследено до национална телевизија од страна на шефот на Вишо јавно обвинителство Мустафа Хајрулахи, отвора сериозни прашања за приватноста, незаконското следење и правата на новинарите во Македонија. Објавата на незаконски снимено видео од новинарката Мирослава Симоновска ја нарушува нејзината приватност и нејзините основни права без разлика што објавениот видео материјал е со заштитени идентитети. Секој новинар има право слободно да се движи и да комуницира со граѓани без страв од незаконско следење или нарушување на приватноста, стои во соопштението.

Оваа акција, веруваат дека е насочена кон застрашување и дискредитација на Симоновска поради нејзината критичка работа, особено во однос на истражувањето на високиот јавен обвинител, претставува директен напад врз новинарската независност и претставува закана за сите професионални новинари.

Со ова, се создава опасност од автоцензура и се поткопува клучната улога на медиумите во контрола на власта, особено што не е изолиран случај бидејќи до ЗНМ и ССНМ утрово пристигнаа и други пријави од новинарки кои сведочат за суптилни притисоци за нивни теми поврзани со работата на Вишо јавно обвинителство, велат од ЗНМ и Синдикатот.

Мирослава Симоновска поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје за неовластено снимање од страна на службено лице.

Бараме од Основното јавно обвинителство итно и без одлагање да спроведе темелна истрага во врска со овој случај и ги повикуваме надлежните институции да ги заштитат правата и безбедноста на новинарите. ЗНМ и ССНМ ќе ги известат меѓународните организации за поддршка на медиумите за ова скандалозно прекршување на правата на новинарите, кое може да има застрашувачки ефект врз слободата на медиумите во Македонија. Ова сериозно ја загрозува слободата на новинарите, заплашувајќи ги не само нив, туку и сите останати граѓани кои можат да се јават како извори кои би посочувале на злоупотреби во државните институции, се додава во соопштението.

 

Top of Form

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025
ФОКУС

Зеленски предупреди на закана од катастрофа во најголемата нуклеарна централа во Европа

ВЕСТИ October 1, 2025

Нуклеарната централа Запорожје во Украина, најголемата во Европа, веќе седум дена е без надворешно електрично…

Хамас го проблематизира планот на Трамп за Газа

October 1, 2025

Израелскиот министер за одбрана издаде последно предупредување до жителите на Газа да бегаат на југ од енклавата

October 1, 2025

Вашингтон до Курти: Прекинот на дијалогот меѓу САД и Косово е поради вашата влада, а не поради Србија

September 30, 2025
ТИКЕР

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.