Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новинарот Фуркан Салиу тепан и приведен од специјалната полиција, реагираат ЗНМ и ЦИВИЛ, се бара негово итно ослободување

0
By Marta Pesevska on April 7, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новинарот и сопственик на ПорталиХ, Фуркан Салиу е уапсен од страна на специјалната полиција (ЕБР).

Според видеото кое го објави медиумот ИН7.ТВ, се гледа како Салиу е уапсен од бројни полициски сили.

Според извор познат на ЦИВИЛ, очевидец на настанот, новинарот Фуркан Салиу реагирал при апсење на навивач за време на важниот фудбалски натпревар меѓу Коњаре и Куманово.

„При намерата на полицијата да уапси навивач на трибините, новинарот Фуркан Салиу интервенираше со повици дека немаат право да го уапсат, по што и тој е уапсен, колку што знам, за непочитување на наредбите на полицијата“, изјави изворот на ЦИВИЛ, кој сакаше да остане анонимен.

Објавените видео снимки упатуваат на прекумерна употреба на сила, што може да претставува кршење на човековите права, според ЦИВИЛ. Извори на ЦИВИЛ, исто така, упатуваат на загрижувачки факт дека новинарот Салиу е претепан од полицијата и дека бил тепан и после приведувањето во полициската станица во Гази Баба.

Во меѓувреме, ЗНМ излезе со соопштение во кое се бара итно ослободување на новинарот Фуркан Салиу.

ЦИВИЛ остро ја осуди полициската бруталност, бара итно ослободување на новинарот и итна истрага за пречекорување на полициските овластувања и полициска бруталност.

Според „Нетпрес“, пак, интернет портал кој важи за близок до ВМРО-ДПМНЕ, Салиу бил приведен откако наводно нападнал полицаец, припадник на Единицата за брзо распоредување (ЕБР). По инцидентот, полицијата извршила претрес на Салиу и на неговото возило, при што нашла еден пиштол во неговиот ранец.

Инаку, се работи за фудбалски натпревар важен за Третата фудбалска лига, каде на екипата на Куманово ѝ беа потребни бодови за влез во втората лига. Натпреварот бил претходно оценет како меч од висок ризик.

Назми Абдурахмани

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.