Државјаните на Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија, Црна Гора, Косово, Украина и други земји на чии граѓани не им треба виза за влез во Европската Унија, од 10-ти ноември годинава на границите ќе мора да дадат отпечатоци од четири прсти и фотографија на лицето, во рамки на новиот Систем за влез и излез – ЕЕС.
Според Европската комисија, ова правило не важи за деца помлади од 12 години.
Оваа регулатива ќе се применува на сите земји од ЕУ освен Кипар и Ирска, како и на Исланд, Норвешка и Швајцарија како дел од Шенген зоната. Линк