НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Најава од Бесими: Повеќе средства за општините од 2024 година

0
By Sashko on September 23, 2021 ВЕСТИ
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Oпштините ќе добиват секоја година повеќе средства, но од 2024 година. Министерот за финансии Фатмир Бесими вчера најави предлог-измени на Законот за финансирање на општините со кои ќе се подобри нивниот фискален капацитет и ќе се зголемат приходите преку постепен раст на стапката на дотацијата од ДДВ и персоналниот данок на доход.

Согласно проекциите, со предвидените 3 отсто од данокот на личен доход, средствата за општините сега изнесуваат 600 милиони денари. Дополнителните 3 отсто, согласно Фискалната стратегија и планираните приходи, во 2024 година средствата за општините ќе изнесуваат 1,562 милијарди денари, односно 781 милион денари повеќе. По основ на дотација од ДДВ во 2024 година со 4,5 отсто предвидени се 2,8 милијарди денари, додека со 6 отсто ќе добијат 3,7 милијарди денари. Тоа е една милијарда денари повеќе. Вкупиот ефект во 2024 година ќе биде 1,7 милијарда денари повеќе пари за општините на годишно ниво, изјави Бесими.

Повеќе средства и стабилни приходи на општините, со крајна цел подобри и поефикасни услуги за граѓаните и засилен локален развој, е целта на реформата за унапредување на фискалната децентрализација што ја подготви Министерството за финансии, а Владата нa седницата завчера ги прифати предложените измени и дополнувања на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа.

Премиерот Зоран Заев на заедничка прес-конференција со Бесими соопшти дека приходите од персонален данок на доход постепено се зголемуваат од 3 отсто на 6 отсто до 2024 година. Приходите од данокот на додадена вредност ќе се обезбедат во висина од 6 отсто од наплатениот данок на додадена вредност остварен во претходната фискална година започнувајќи од 2024 година.

Премиерот потсети дека Владата со ребалансот на Буџетот за 2018 година со 50 милиони евра им помогна на општините да сервисираат 50 отсто од својот долг.

Целта на ваквиот чекор беше да се ослободи развојниот потенцијал на општините кој со години се таложеше во долгови и блокирани сметки. Со еднократната помош, без обврска за враќање во централниот буџет ги зајакнавме капацитетите на единиците на локална самоуправа. Сега одиме со трајни законски решенија за системска функционалност и самостојна работа на општините за финансиска независност, градење капацитети и услови за привлекување нови инвестиции за економски развој, подвлече Заев.

Со законските измени што ќе следат се очекува зголемување на транспарентноста на работењето на општините, со што општините ќе имаат обврска на транспарентен начин да објавуваат финансиски податоци на своите веб-страници, како и зголемена отчетност во трошењето на сите средства кои се доделени од страна на државата.

Новина во Законот е што покрај Основниот фонд, ќе има Фонд за перформанси и Фонд за изедначување. Обезбедените средства ќе се распределуваат во три фонда. Основен фонд – 4,5 отсто од наплатениот данок на додадена вредност остварен во претходната фискална година, Фонд за перформанси – 0,75 отсто од наплатениот данок на додадена вредност остварен претходната фискална година и Фонд за изедначување – 0,75 отсто од наплатениот данок на додадена вредност остварен претходната фискална година, започнувајќи од 2024 година.

Локалните самоуправи ќе имаат на располагање три кредитни инструменти и ќе можат да користат еден од нив, со цел надминување на проблемите со доспеани, а ненаплатени обврски. Тоа се условен кредит (standby) што ќе се користи од општините, а ќе се даде од Министерството за финансии, односно централната власт. Вториот инструмент е издавање општинска обврзница за познат купувач. Во овој случај општините ќе издаваат свои обврзници, а познатиот купувач ќе биде Министерство за финансии и структурна обврзница, што ќе ја издаде Министерството за финансии за општините, рече Бесими.

Додаде дека овие инструменти ќе бидат со времетраење до 10 години, а ќе се склучи договор за реализација меѓу ресорното министерство и општините.

Новина, како што истакна, е дека финансиска недисциплина ќе се прогласува по сила на закон, со исполнување на критериумите за настанување на финансиската дисциплина.

Бесими напомена дека приходите на општините од 2005 до 2019 година се зголемени номинално за шест пати, од 5,9 милијарди денари на 37 милијарди денари.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025

Дачиќ по синоќешните протести во Србија: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир

August 17, 2025

Единаесет лица загинаа и 130 се повредени во експлозија во фабрика во Русија

August 16, 2025

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025
ФОКУС

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

ВЕСТИ August 17, 2025

По повод 18. август, Денот на Армијата, вечер, од 19:00 часот во касарната „Илинден“ ќе…

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Трамп ѝ понудил на Украина гаранции моделирани според Член 5 од НАТО

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.