Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од Нови Сад до Гевгелија без запирање на патарините, расте бројот на корисници на единствениот ТАГ од Отворен Балкан

0
By Zoran Ivanov on August 22, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Според податоците на ЈП Државни патишта на Северна Македонија електронската наплата на патарините, којашто е воведена во 2019 година првично со МСмарт (припејд) картички и со можност за наплата со кредитни картички, бројот на продадени МСмарт картички достигна 193.405 единици и заедно со МТАГ има вкупно 225.312 корисници на услугата електронска наплата на патарините.

З.Б.

Од Нови Сад до границата на Северна Македонија и Грција не застанавме на ниту една наплатна станица за патарини. Со единствениот ТАГ систем кој важи за Србија и Македонија и автопатската поврзаност на двете земји, патувањето е многу олеснето, ни рекоа новите пријатели од Србија со кои се запознавме во Грција.

Откако стапи на сила и во пракса Договорот за „Електронската наплата на патарина на Отворен Балкан“ (Open Balkan ETC) за Србија, Северна Македонија и Албанија, бројот на корисниците расте со секој нов ден.

Според податоците на ЈП Државни патишта на Северна Македонија, од јули 2019 кога започна електронската наплата со МТАГ, досега се продадени 32.907 тагови.

Во Србија пак, според тамошното јавно претпријатие „Путеви Србије“, од јули 2023 година кога се поврзаа ситемите на таа земја со системите на Македонија и Албанија како резултат на договорот од иницијативата „Отворен Балкан“, бројот на ТАГ-ови достигна повеќе од 50.000.

Инаку, според податоците на ЈП Државни патишта на Северна Македонија електронската наплата на патарините, којашто е воведена во 2019 година првично со МСмарт (припејд) картички и со можност за наплата со кредитни картички, бројот на продадени МСмарт картички достигна 193.405 единици и заедно со МТАГ има вкупно 225.312 корисници на услугата електронска наплата на патарините.

Од ЈПДП велат дека процентот на корисници што плаќаат користејќи ја електорнската наплата постојано расте и дека целта е во иднина комплетно да се премине на овој вид на наплата со што ќе се намали потребата од човечки фактор при наплата. Инаку, според најавите на јавните претпријатија од регионот наплатата, односно поминувањето на патарините со ТАГ читач наскоро се очкува да се воведе и во Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Грција, откако сите овие земји ќе го завршат усогласувањето на националните системи за електронска наплата. Линк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.