НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одбележани 80 години од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик

0
By Marija Todorovska on May 5, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Јазикот е душата, идентитетот и светогледот на еден народ. Официјализирањето на македонската азбука и на македонскиот стандарден јазик не е вештачка конструкција, туку претставува логичен след на долговековниот просторен и временски континуитет на македонскиот јазик и неговите дијалекти на целата јазична територија. Неговото дијалектно богатство вградено во литературата и стандардот го прави посебен, уникатен и докажува дека македонскиот јазик има долга историја и особен влог во рамките на групата словенски јазици и светското јазично семејство.

Ова го порачаа денеска говорниците за време на Свечена академија по повод 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, кој се одржа во МАНУ, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска во своето обраќање на настанот, порача дека јазикот не е само средство за комуникација, туку и симбол на индивидуалноста и уникатноста.

-Македонското милениумско траење е проткаено со борбите, верувањата и вредностите на Македонците. Секој нов век додавал победи, но и порази во македонскиот код, кој остана жив само затоа што бил пренесуван преку македонскиот јазик, рече министерката.

Таа порача дека како Влада работат на зацврстување на позицијата на македонскиот јазик на глобално ниво, пред се, на обнова и на проширување на мрежата на лекторати како „лулки“ на македонизмот.

-Изминатава година се уверив дека реализирањето на програмските определби е исполнето со бројни предизвици, посилно вакви кои имаат и фискални компоненти. Но, има и една друга димензија. Воопшто не чини пари, ако рамнодушноста кој јазикот што го употребуваме приватно и професионално, ја замениме со страст за македонскиот литературен јазик. Затоа што македонскиот јазик е заштитен со Закон како нематеријално културно наследство. За Македонецот, македонскиот јазик се првите звуци и вибрации кои ги прима уште во утробата на мајката. Јазикот го чувствуваме во срцето и телото целиот свој живот, и не верувам дека постои некој што би се откажал од неговото зборување и пишување, рече Јаневска.

Таа додаде дека МОН континуирано го поттикнува интересот на студентите за академско изучување на македонскиот јазик и книжевност, и за оваа цел доделува стипендии за студиски програми по македонистика.

-Организираме курсеви за творби напишани на македонски литературен јазик и најдобрите ги наградуваме. Денес објавивме еден таков конкурс, на нашата веб страница. За младите да го негуваат својот мајчин јазик. Добар образовен систем треба да овозможи препознавање на уникатноста на мајчиниот јазик, да обезбеди негова промоција во училиштата, развивање на свеста за неговото значење и употреба на стандардниот, литературен јазик, на работните места и во заедницата, рече Јаневска.

Како што дополни, темелната реформа на националниот образовен систем го опфаќа и изучувањето на македонскиот јазик.

-Новите наставни програми, новите учебници, на многу подостоинствен и посликовит начин го приближуваат македонскиот јазик до учениците, поттикнувајќи љубов кон него и развивајќи желба за негово подобро изучување и примена во секојдневниот живот. Да го чуваме македонскиот јазик, затоа што тој е наш архетип, тој е наш идентитет и преку него постоиме. Да го чуваме, за да постоиме и за да не има, рече Јаневска.

Претседателот на МАНУ Живко Попов во своето обраќање на настанот посочи дека народната основа на македонскиот литературен јазик е главниот двигател на неговиот повеќе вековен континуитет.

-Јазичната територија на македонскиот јазик подолг период била под туѓи општествени политички влијанија. Народите и јазиците со кои што македонскиот јазик стапувал во интеракција не биле толку сродни. Сето тоа го принудувал македонскиот јазик постојано да се адаптира, да иновира, да евалуира, со цел да опстане и да овозможи непречена комуникација, како меѓу своите говорители, така и соговорителите на другите несловенски јазици и дијалекти. Токму таа слобода во развојот на живата комуникација на македонски народен јазик овозможила непречен јазичен континуитет, чија официјализација се случила токму со вклучувањето на народната основа, при кодификацијата на македонскиот стандарден јазик во 1945 година, рече Попов.

Тој потсети дека на 11 јануари 1934 година, Извршниот комитет на Коминтерната донесе решение за признавање на македонската нација и на македонскиот јазик, како посебни во словенската група и на Балканскиот полуостров.

Како што дополни, ова решение, како потврда на внатрешниот развој на македонскиот народ има големо значење, како прво официјално признавање од ваков вид и е со извонредно благотворно влијание за натамошниот развој на Македонската национална ослободителна борба во текот на Втората светска војна и после неа.

-Тој континуиран процес кон стандардизација и кодификација на македонскиот јазик бил пропратен и со научните истражувања на странските слависти кон крајот на 19 и првата половина на 20 век. Официјализирањето на македонската азбука и на македонскиот стандарден јазик не е вештачка конструкција, туку претставува логичен след на долговековниот просторен и временски континуитет на македонскиот јазик и неговите дијалекти на целата јазична територија, рече Попов.

Претседателката на Советот за македонски јазик Симона Груевска-Маџоска во своето обраќање испрати апел што поскоро да се донесе Национална стратегија за македонскиот јазик.

-Бидејќи некои важни нешта денес како да се подзаборавени, а македонскиот јазик е соочен со нови предизвици, апелирам што поскоро да се донесе Национална стратегија за македонскиот јазик, со што тој ќе продолжи да се надградува, ќе го зачува својот статус на државен јазик во Република Македонија, ќе ги следи новите барања на неговите говорители и повеќе ќе се афирмира во странство, рече Груевска-Маџоска.

Кодификација на македонски јазик Свечена академија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.