Посебно вредни археолошки артефакти се пронајдени во близина на охридското село Волино. Порталот „Охрид 1“ објави дека во моментов локацијата, која е на приватен имот, е целосно затворена и видни археолози од земјава се на терен.
Истиот извор јавува дека се пронајдени шлемови, златници и други значајни предмети.
Археолозите се со првичен став дека кога ќе се истражи целиот потег, ќе се најдат уште многу артефакти.
Најавено е дека министерот за култура и туризам Зоран Љутков утре ќе дојде во просториите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид ќе се обрати на прес-конференција по повод најновите ексклузивни откритија во близина на Волино.