Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Околу шест илјади косовски Срби ги замениле српските со косовски возачки дозволи

0
By Marija Todorovska on August 16, 2024 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 Приштина: Косовската полиција соопшти дека продолжува заинтересираноста на граѓаните од српска националност да ги заменат возачките дозволи издадени од Србија со косовски возачки дозволи, така што од почетокот на мај, кога беа воведени одредени олеснувања за нивна промена, досега се поднесени речиси шест илјади барања, јави дописникот на МИА од Приштина.

Заменикот началник на полицијата на Косово за северниот регион, Ветон Ељшани информира дека досега се поденесени вкупно 5.982 барања, од кои најголемиот број во четирите општини со мнозинско српско население во северно Косово.

Во Лепосавиќ, според Ељшани се заменети 1.842 возачки дозволи, во Северна Митровица 1.449, во Звечан 1.099 и во Зубин Поток 908, а има барања од граѓаните и во другите општини низ земјата, како во Грачаница, Каменица, Штрпце итн.

Косовското Министерство за внатрешни работи одлучи на почетокот на мај да овозможи премин од српски возачки дозволи издадени на граѓаните на Косово, кои за властите во Приштина се незаконски, на косовски возачки дозволи.

Одлуката стапи во сила на 9 мај и важеше до 9 август, но поради интересот на граѓаните рокот е продолжен до 23 август. По истекот на овој рок, како што е најавено, повеќе нема да може да се вози во Косово со дозволи издадени од Србија и нема веќе да важат олеснувањата за нивна замена, меѓу кои е и неподлегнувањето на нов возачки испит.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.