Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Олигарсите осоколени од новата власт, удрија по работниците

0
By Marija Todorovska on September 4, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со непреземањето мерки и непокачување на платите што ги прави граѓаните, работниците и пензионерите уште посиромашни, Мицкоски се става во служба на бизнис заедницата, доведувајќи ги работниците во потчинета положба во однос на работодавачите, додека се борат за гол опстанок.

И ако е по она народната, „По утрото денот се познава“, црно им се пишува на работниците во наредниот период од владеењето на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски со претставниците на крупниот капитал, ткн. газди, колку и таа да трае.

Драган Мишев

Дека црно им се пишува на работниците и нивните права со доаѓањето на власт на ВМРО – ДПМНЕ, стана јасно кога по само еден ден откако дотогашниот премиер Талат Џафери му ја предаде премиерската функција на новоизбраниот претседател на Владата, Христијан Мицкоски, од Стопанската комора му доделија награда на новиот премиер Мицкоски за, внимавајте, по само еден ден на функција, градење партнерство и заедничко дејствување за просперитетна Македонија.

Дополнително, за тоа кој е газда во куќата, излезе на виделина по објавеното видео од крајот на прославата, кога тргнувајќи да си оди, премиерот остана со неприфатената рака во воздух, откако претседателот на Комората, Бранко Азески, само прекорно го огледна и му рече да си седне на местото. Премиерот, послушно го стори тоа што од него го побара Азески.

 

Оттогаш, премиерот ревносно ги спроведува барањата на претставниците на крупниот капитал.

Прво, Мицкоски се стави на линија со барањето на Стопанската комора за разгледување на Законот за недела – неработен ден, и рече дека стои на располагање за дијалог со синдикатите, иако истиве рекоа дека не доаѓа предвид укинување на тешко стекнатата придобивка. За потсетување, Мицкоски уште 2022 година, од позиција на опозиција, застана на линија со работодавачите кога предложи „недела неработен ден“ да се замени со некој друг ден од неделата затоа што, според него најголеми вишоци на струја се правеле во недела.

Мицкоски иако пред изборите ветуваше дека платите ќе бидат повисоки, сега кога дојде на власт вели дека покачување на мнималната плата нема да има, и според него ова барање имало политичка позадина? Нема да има ниту зголемемување на платите во образованието, нешто што им следува на просветните работници. Премиерот им сврте грб на работниците во периот кога трошоците за живот интензивно растат, животот на граѓаните станува се потежок. Со ова најави враќање во времето на владеењето на неговиот предходник Груевски, кога платите на работниците се држеа на многу ниско ниво, од што бенефит уживаа само олигарсите.

И додека СОНК предводен од послушниот синдикалец Јаким Неделковски можеме „да го прогласиме за умрено“, на обидот на ССМ да крене глас и да го побара тоа што им следува, во обид да се оспори барањето за покачување на минималната плата на 450 евра и да се оспори и легитимитетот на актуелното и минатото раководство на Сојузот на Синдикати на Македонија, напомош беше повикан Живко Митревски, кој беше претседател на ССМ во периодот од 2010 до 2017 година, кој изврши своевиден упад со прес пред ССМ, соопштувајќи дека поседува документи според кои тој е нелегално сменет од позицијата и дека изборот на неговиот наследник Дарко Димовски и сегашниот претседател Слободан Трендафилов се нелегитимни.

Во моменти кога во соседството, владите на Црна Гора и Србија преземаат мерки за заштита на граѓаните, намалување на маржите и цените на одредени поризводи во малопродажната мрежа, нашиот премиер, во дослух со олигарсите и бизнис заедницата како мерка во борбата со високите цени и за подобрување на стандардот на граѓаните, Мицкоски истакна дека Владата нема намера да интервенира, оставајќи го пазарот да ги регулира цените, а тој се одлучи само да упати апел до трговците самите да ги намалат маржите на производите, иако како опозиционер редовно регираше на мерките на предходната влада дека не се доволни и се задоцнети, а кога ќе дојде на власт ќе донесе адекватни мерки, сега го прави сосема спротивното, токму она што од предходната власт го бараа олигарсите.

Со непреземањето мерки и непокачување на платите што ги прави граѓаните, работниците и пензионерите уште посиромашни, Мицкоски се става во служба на бизнис заедницата, доведувајќи ги работниците во потчинета положба во однос на работодавачите, додека се борат за гол опстанок.

И ако е по она народната, „По утрото денот се познава“, црно им се пишува на работниците во наредниот период од владеењето на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски со претставниците на крупниот капитал, ткн. газди, колку и таа да трае.

Че биде пиштејне-вриштејне, што би рекол Миле Че.

Текстот е во сопственот на Цивил Медиа 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.