Организацијата Обединета Македонска Дијаспора и` честита на професорката Гордана Силјановска Давкова за нејзината значајна инаугурација како прва жена претседател на Македонија.
Претседателката Силјановска Давкова на историската церемонија го реафирмираше уставното име на нашата Македонија потврдувајќи го основното право на Македонците на самоопределување.
ОМД ја поздравува нејзината непоколеблива заложба за зачувување на нашиот национален идентитет и суверенитет, а и „сториската победа“ на претседателката Силјановска Давкова означува ново поглавје во патувањето на Македонија влевајќи надеж и оптимизам за посветла иднина, пишува во ракцијата на невладината органозација ОМД.