Бишкек: Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан побара нова стратегија на Европска Унија во однос на Украина по победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД.
Бидејќи Трамп може да ја прекине американската помош за Киев во неговата одбрана од Русија, прашање е дали Европа ќе може сама да ја преземе финансиската и воената поддршка за Украина. Има сериозни сомнежи за тоа, затоа е потребна нова европска стратегија, наведе Орбан на Самитот на Организацијата на турски држави, што се одржува во главниот град на Киргистан, Бишкек.
Во видеото на Фејсбук, Орбан ја опиша изборната победа на Трамп како „брилијантна“, која „донесе надеж за мир во светот“.
Унгарија претседава со ЕУ до 31. декември.