Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Острење заби

0
By Zoran Ivanov on January 12, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поривот за целосна контрола на државниот апарат е дотаму манифестиран што е очигледна закана за демократскиот развој и перспектива. Веќе не станува збор само за идеолошка борба, меѓу „левото“ и „десното“, туку за елемeнтарен раскол, по однос на разбирањето и неразбирање на уставниот поредок кој прво и основно е демократски.

Ана Чупеска

Ќе се обидам накратко да разјаснам некои аспекти битни за нашата политичка ситуација. А таа е таква што, после седум месеци нова Влада, која има значајно мнозинство во Парламентот, таа, не само што демонстрираше јасна тенденција партиски да ги окупира институциите на државата, тоа го прави на некадарен и незаконски начин. Спротивно на ветувањето дека ќе го етаблира мерит системот и владеење на правото.

Поривот за целосна контрола на државниот апарат е дотаму манифестиран што е очигледна закана за демократскиот развој и перспектива. Веќе не станува збор само за идеолошка борба, меѓу „левото“ и „десното“, туку за елемeнтарен раскол, по однос на разбирањето и неразбирање на уставниот поредок кој прво и основно е демократски.

Сега, на виделина исплива и фактот дека режимските инсталации за сето време ја поткопуваа всушност демократијата преку јасно дефинирана парауправа. И затоа, мора да разбереме дека роварењето – суштествено, експоненцијално и примарно е насочено против уставниот поредок, против основните демократски постулати, т.е против конституционализмот. Конечно, против Македонија. Следствено, можеме некомотно да ја проследиме и втората сезона од насилната легализизација на авторитаризмот.

Тврдам, оваа промена ќе продолжи да делува недемократски и противуставно преку разни „легализми“ на неправедноста. Тоа го прави без скрупули. И без чуство за осет, секако.

Дали не е насилие, незаконското назначување на директорот на АНБ, кој стапува на функција противзаконски без претходно да ги исполни главните законски пропишани услови за назначување на оваа позиција?!

Дали, не е насилие упорното прекршување на Деловникот во рамките на Законодавниот дом, и парам парче вратоломи спротивни на општа демократска логика?!

Дали, не е насилие, кога се нарушува поделбата на власта гарантирана со Уставот, со секоја закана упатена од извршната власт спрема правосудните органи?!

И, така, ден за ден, архивираме уште по едно, и уште едно, и уште многу насилства ќе архивираме. Потоа ќе се заокружи силната но авторитарна организизација на државно-партискиот апарат.

Или, Режим 2.0. Ефективно употреблив.

Убедена сум дека со овие остри заби со кои ‘рже власта, брзо ќе се отвори како многу крволочна и тоа, во првата фаза, кон сите клучни демократски/независни институти кои се гарантирани во нашиот Устав и во нашите закони. А во втората фаза, по секоја слободно-мислечка индивидуа. По глава на жител.

Сега ќе прашате, паметно, што е со опозицијата? Веднаш ќе Ви кажам.

Знам дека очекувањата се големи и тоа така треба и да остане. Но, она што беше основен услов за ефектура на опозициска партија после таков изборен резулат е исполнет!

Прво, за овој толку краток период, СДСМ сепак успеа да ја заокружи последната фаза од својата консолидација низ целосно демократски и транспарентен процес на избор на нови органи. ( Незамисливо за опонентот- таму диктатот работи);

Второ, СДСМ, за сите проблеми кои Владата неуморно ги создава, нуди подобри решенија, а и покрај се, делува максимално конструктивно по однос на сите прашања.

Од друга страна, само декларативна фарса е спремноста на Владата за „обединување“, затоа што, освен што понуди окупациско партиска и разединувачка политика, донесе и голема економска несигурност. Перманентно слабеење на стандардот за живот, во кој цените и трошоците растат, а платите стојат во место. Односно паѓа вредноста на парите. Тоа што беше предвидено во претходната Влада, преку сукцесивни програми за долгорочен раст на платите, ДПМНЕ резолутно го отфрла, со што драстично го влошува животниот стандард на сите, со исклучок на веќе привилегираните. И на нив самите. Дури и маџарските пари ги нема. А, за да го прикрие ова непатриотско економско фијаско, ДПМНЕ, дрско манипулира со етничките теми, до степен на целосна забеганост, заборавајќи дека етнонационалистичката кампања заврши.

Така што, острите заби на ДПМНЕ, ќе бидат видливи уште некое време. Но, и со значаен ризик за имплозија, среднорочно.

СДСМ, пак, во оваа фаза, и во согласност со своите убедувања, ќе продолжи да дејствува пред се во рамки на демократските стандарди, и, конструктивно. Во тој тон е впрочем повикот што го упати до сите парламентарни партии да се обединат во проект кој ќе овозможи надпартиски, надетнички и долгорочен развој на државата. Ова е темелен и издржан пристап кој во фокус ја става државата, а не партиската политика.

За жал ДПМНЕ сѐ уште јава на облаците на замајување и 7-годишната Калимеро реторика, во придружба на потпалувачки и заплашувачки реторики и делувања. Во ДПМНЕ, никако да сфатат дека сега треба да даваат решенија и да носат одговорни одлуки за демократски и економски напредок.

Накратко, кај нив, сѐ уште приоритет останува острењето на забите, додека од другата страна, spiritus movens е идејата да се делува кон еден сеопшт и пред сѐ демократски развој на државата. Во Прогрес.

Текстот е сопственост на Трилинг.мк

чупеска колумна трилинг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025
ФОКУС

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

ВЕСТИ October 4, 2025

Наместо правда и целосна одговорност сведоци сме на пропусти и прикривање. Правдата важи само за…

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025

Откако Хамас се согласи да ослободи заложнициТрамп го повика Израел веднаш да запре со бомбардирањето на Газа

October 4, 2025
ТИКЕР

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.