Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Отворено писмо: Како Груевски украде телевизија

25
By Сашка Цветковска on June 2, 2017 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Отворено писмо од Небојша Карапејовски до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

НОВАТВ го пренесува писмото во целост. Карапејоски е поранешен сопственик на локалната телевизија „Менада“. 

Почитуван господине Груевски,

Ова „почитуван“ и „господине“ се употребени со невиден цинизам и како такви читајте ги и во продолжението на текстот.

Го гледав Вашето патетично обраќање по обидот за убиство на господинот Тодоров. Се работи за чин што ниту го оправдувам ниту е решение за сите злодела што претходно ги направи Вашиот режим. Но, знаете, дедото на малата Тамара не бил испровоциран од некаквиси „платени медиуми“, „платени невладини“ или „платеници од СДСМ“

Еве од што бил испровоциран и дедото на Тамара, и многу други дедовци, баби и родители, многу други луѓе кои со години гледаат како парите, наместо за лекување, наместо за подобра иднинина на нивните деца им ги дававте на своите платеници.

Еве како на регионалната Телевизија Менада (денешна Ултра), чиј сопстевник е Вашиот пријател, еден од најголемите донатори на ВМРО-ДПМНЕ, Драги Митковски, која и тогаш и сега има рејтинг/гледаност 0 (со зборови: НУЛА), од парите што требаше да им ги дадете на сите деца што чекаа за својата судбина, за својот животот да решите Вие, од народните пари, им префрлате за кампањи на Владата, во рок од само СЕДУМ дена, безмалку 100 000 евра.

Бидејќи односниот господин е сопственик и на Телевизија О2 од Охрид, претпоставувам (а, тое е лесно да се утврди) дека сте го честеле уште речиси 100 000 евра од народот или пари за сите Тамари, чиј живот зависеше од Вашето менаџирање со нив.

Ете така го испровоциравте дедото на Тамара, и сите други родители, зашто САМО овие пари, само од оваа транша, ќе беа не само доволни туку и многу повеќе од тоа да спасите барем еден човечки живот. Ама, по Вашата логика, господине Груевски, многу повеќе беа потребни за задоволување на Вашата болна нарцисоидност да го лажете народот за Вашите успеси.

Жал ми е што овие документи едно лице блиско до Вас ми ги направи достапни само пред неколку недели, иако уште одамна требаше да ја видат светлината на денот.

Господине Груевски,
Сè што најдовте – испокрадовте. И јас сум еден од тие, но за тоа другпат.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.