Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Паѓаме во Заливот на историските коски

0
By Zoran Ivanov on July 12, 2024 ИЗБОР
Бранко Тричковски
Бранко Тричковски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бранко Тричковски

Ви реков убаво: ова не е власт, ова не е влада, тој не е премиер, ние не сме нација…

Субјективната и објективната перцепција на државата и уште повеќе на македонската нација, паѓа како откачена карпа во Заливот на историските коски.

Заев, Таче, Ахмети, Османи и Маричиќ почнаа да ни се гледаат како недостижни критериуми кои Македонија ја внесоа во центарот на европското достоинство.

Како реална гордост.

Учевме дека пропагандите го оневозможиле конституирањето на Македонија како посебна држава, што е една алиби формулација, но не е алиби фактот дека вматрешната пропаганда на вмро ја доведе нацијата и државата пред крајот на националниот и државен проект.

Се е наопаку: предавниците се патриоти, а патриотите се предавници.

Макар што и “предавнивите” не беа безгрешни и им фалеа добри и точни калкулации.

Никој не тврди дека нација без историја не е нација, освен нацијата без историја.

Мислам, подлабока од осумдесетина години.

Тие што во моментот не претставуваат немаат елементарно знаење за меѓународната политика, немаат манири, немаат стил, немаат ништо што надвор од протоколарните пристојности би ги квалификувало за кој било состанок на меѓународно ниво.

Единствената константа на нивното постоење и како власт и како опозиција, е да го држат свежо проблематизирањето на Македонија.

Да ја бранат или преправаат, да ја крадат историјата како форма на сегашноста која може да се проблематизира.

Не да ја ослободуваат Македонија од своите оптоварености туку да ја држат натоварена како магаре со товар дрва..

На кое на крајот ќе му пукне кичмата и ќе се претвори во флека на асфалтот.

Секој ден им почнува со некоја загроза од која тие ќе ја бранат Татковината.

Така го камуфлираат фактот дека загрозата се тие.

Под притисок на меѓународната заедница, можеби, ќе ги прифатат решенијата и барањата околу меѓународниот статус на државата, но само ако претходно добијат време низ образовниот процес, низ медиумската преобразба на нормалноста во дебилност, низ партископравната сваровски структура на државата, низ разорното дејство во институционалниот ред, да и ја стиснат пластичната кеса врз главата на Македонија.

(Од Фејзбук ѕидот на авторот)

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.