Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Панкот на Гордана Сиљановска-Давкова

0
By Zoran Ivanov on September 18, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сепак, тоа не беше само културен настан, бидејќи таа имаше средба со претседателот на Бугарија Румен Радев, за која вели дека поминала во одлична атмосфера. Претседателите имале и заеднички ручек и фотосесија, но од некоја причина седнале, веројатно да одморат малку, во една соба во која имаше бугарски и знамиња на ЕУ. Или преведено на „панкерски“, македонско знаме во собата немаше ама ич. И во тој момент ѝ се вклучува алармот на претседателката, која не знае што ѝ е паметно.

 Срѓан Ивановиќ

Значи ако останела, ќе била во неволја, а ако си заминела, неволјата ќе била уште поголема, нешто што веќе е отпеано во безвременскиот хит на англискиот панк бенд „Клеш“ – Should I stay or should I go.

Во тој момент едната мисла беше дека можам да си заминам и тогаш ќе направев скандал, а другата беше дека домаќинот ги утврдил правилата и дека домаќинот, а не јас, греши и дека што е подобро, си велам, се запраша претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, објаснувајќи ја неодамнешната посета на Софија и средбата со бугарскиот претседател Румен Радев.
Значи ако останела, ќе била во неволја, а ако си заминела, неволјата ќе била уште поголема, нешто што веќе е отпеано во безвременскиот хит на англискиот панк бенд „Клеш“ – Should I stay or should I go.
Да, панкот е одамна мртов, уште јас кога бев момче во Скопје панкерите можеа да се избројат на рака и сите до последен да се пронајдат на „коцката“ на плоштадот, која настрада во архитектонската преобразба на градот позната како „Скопје 2014“.

Никогаш претходно се немав запрашано што стана со тие луѓе, а сега почнав да се прашувам дали некој од нив завршил во претседателскиот кабинет? Немам друго објаснување, освен тоа дека дилемата на Силјановска-Давкова е иста како и онаа на Мик Џонс, песнописецот на „Клеш“.
Но, да го оставиме панкот за кратко и да направиме мала реконструкција на настанот. Претседателката отпатува во Софија на театарска претстава. Сепак, тоа не беше само културен настан, бидејќи таа имаше средба со претседателот на Бугарија Румен Радев, за која вели дека поминала во одлична атмосфера. Претседателите имале и заеднички ручек и фотосесија, но од некоја причина седнале, веројатно да одморат малку, во една соба во која имаше бугарски и знамиња на ЕУ. Или преведено на „панкерски“, македонско знаме во собата немаше ама ич. И во тој момент ѝ се вклучува алармот на претседателката, која не знае што ѝ е паметно.

Да остане или да си замине. Ако остане, ќе направи лоша фотка, а ако си замине, ќе направи скандал. Таа, сепак, остана и предизвика бурна реакција на домашната сцена, бидејќи на ниту еден Македонец не му се допадна кадрото во кое недостасуваше државното знаме. Граѓаните, кои само неколку месеци претходно ѝ дадода рекордна поддршка на Сиљановска-Давкова на претседателските избори, сега побараа објаснување од неа. Како можела, како се осмелила?
И таа одговори: „Во тој момент, и покрај тоа што не знам што ми се случува во организмот, решив дека е подобро сепак да не правам скандал, значи не го направив јас скандалот и гафот, туку домаќинот веројатно направил превид или што јас очекував? Јас очекував претходно да ми каже некој дека ќе има снимање за да можам јас да одговорам“.
Да бидам искрен, поим немам од која песна на „Клеш“ е изваден последниот пасус, а да бидам уште поискрен не знам и што точно таа сакаше да каже. Со три седнувања на „коцката“ панкер не се станува, па можеби и затоа не ја разбирам поентата за организмот, гафот и домаќинот.
Затоа предлагам да се задржиме на тоа што го разбираме сите. На првиот дел од изјавата каде што претседателката ја изразува панкерската дилема. Кога вели, „ако останела, ќе била во неволја, а ако си заминела, неволјата ќе била уште поголема“ и да заклучиме дека истото тоа можеше да го изјави вечерта кога беше прогласена нејзината изборна победа.

Инаку, бугарскиот претседател покажа, како и неколкупати претходно, дека во политиката не влегол панкерски, туку онака како што треба – државнички. Ја начека нашата Гога во дилема и тоа умешно го искористи за да ни нанесе уште едно понижување. А нам ни остана само да се запрашаме, дали претседателката навистина ни е панкерка или, можеби, таа има посебен организам за вакви гафови и домаќини.
Што и да направам ќе згрешам, односно ако продолжам да пишувам ќе испаднам глупав, а ако престанам, уште поглупав. Линк

Текстот е сопственост на Слободен печат

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.