Зголемувањето на воената поддршка на Северна Кореја за Русија е „многу алармантно“, соопшти денеска француското Министерство за надворешни работи.
Јужнокорејското разузнавање претходно соопшти дека Северна Кореја распоредила првичен контингент од 1.500 специјалци во Владивосток и наскоро ќе испрати уште повеќе.
-Зголемувањето на севернокорејската соработка и поддршката за руските воени напори во Украина е многу алармантно, изјави портпаролот на француското Министерство за надворешни работи, Кристоф Лемуан.
Според него, доколку оваа информација на јужнокорејското разузнавање се покаже како вистинита, тоа ќе биде крајно алармантен и сериозен развој на настаните.
-Ние можеме само да ги повикаме Северна Кореја и Русија да ги почитуваат резолуциите на Советот за безбедност на ОН, коментираше и портпаролот.
НАТО во оваа фаза не може да потврди дека Северна Кореја распоредила војници во Русија, изјави генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте.