Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Парламентарни избори 2024 – aкценти

0
By Zoran Ivanov on May 1, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

1-ви мај

Скопје – Димитар Ковачевски СДСМ:

– Враќање на ВМРО ДПМНЕ на власт значи режим во најава, сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии;

–  Ако десничарска партија како ВМРО добие таква моќ, со сите државни ресурси на располагање, може да се соочиме со крајот на нашата европска перспектива:

– Гласот ЗА Европска исднина е глас за сигурна, безбедна Македонија. Гласот ЗА е глас за инвестиции во иднината на земјата, не за жални врби, стиропор и фонтани. Со гласот ЗА ќе обезбедиме подобри услови за живот тука, во Македонија, за нашите деца, внуци и идните генерации да си останат дома и тука да си ја бараат среќата. Друга татковина ние немаме;

– Ги повикувам сите демократски и прогресивни сили во државата да излезат на претседателските и парламентарните избори на 8-ми мај и да дадат масовна поддршка за европската иднина на Македонија;

– Немаме друг избор, мора да бидеме европска земја и нема друг начин како да се направат вистински и опипливи промени дома. Мора да имаме повисок стандард, подобри услови во здравството, европско образование и конечно, да се избориме со корупцијата и да воспоставиме владеење на правото во сите сфери;

– Изминатите неколку години носевме тешки, но исправни одлуки. Разговаравме и разговараме со граѓаните, на терен сме, нѐ гледате и мене и нашите кандидати за пратеници. Свесни сме за грешките што ги направивме, но и свесни сме дека сето ова беше една лекција од која извлековме многу поуки. Тешките одлуки значеа многу политички компромиси и хируршки прецизно водење на процесот за зачленување на Македонија во НАТО.

Скопје – Христијан Мицкоски ВМРО-ДПМНЕ:

– Денес работничките права се прекршени и погазени. Државата многу малку води грижа за тие кои создаваат и се р’бетот на нашата економија;

– За мобингот врз работниците многу ретко се зборува, но најголемиот проблем се платите кои ги изеде инфлацијата. Тие не се доволни ниту за половина од потребната потрошувачка кошница;

– Проблемите се многубројни, но решенијата мора да ги носиме заедно и одлучно;

– Првиот чекор се промените кои мора да се случат и тие промени се во ваши раце.

Скопје – Арта Билали Зендели ДУИ:

– Ви преставуваме програма за спроведување на процесот на проверка за сите носители на политички функции и носители на големи одговорности во областа на судството и борбата против криминалот и корупцијата;

– Владеењето на правото, правдата и доброто владеење гарантираат еднаква лојалност и одговорност за секој граѓанин пред законот. Борбата против корупцијата и организираниот криминал ќе продолжи да биде бескомпромисна, со нулта толеранција, но овојпат засилена со точноста на системот за проверка во законодавната, извршната, судската, обвинителството и секоја друга функција во централно и локално ниво, за именувани или избрани лица.

– Ветингот ќе овозможи поголема транспарентност на богатството на кандидатите кои сакаат да преземат јавна одговорност и како се постигнува тоа богатство;

– Ветингот за корупција е неопходна категорија која еднаш засекогаш ќе ја затвори вратата за поединци кои го ставаат личниот интерес над општото;

– Донесувањето на посебен закон за ветинг ќе биде најсилниот одговор против секоја тенденција за манипулација и злоупотреба на јавната положба;

– Инсистираме и на примена на проверка на руското влијание и антидржавните служби за да се елиминира ризикот од дестабилизација и дезориентација на земјата од евро-американската ориентација.

Пелинце – Максим Димитриевски ЗНАМ:

– Работничката класа е онаа што ја дигнала Македонија да стане  држава;

– Истите тие коишто дозволија да се отвараат бугарски клубови кои го содржат името Ванчо Михајлов во текот на нивниот мандат и ја згазија не само социјалдемократијата, туку и илинденските и асномските левичарски вредности и принципи, не обвинија дека сме човек партија;

– Не само што ја навредија ЗНАМ, лично мене, навредија и уште 84 илјади граѓани кои го дадоа својот глас за движењето ЗНАМ-ЗА наша Македонија.

– Нашата цел е да продолжиме да ги обединуваме граѓаните и ние ќе работиме исклучиво во интерес на Македонија, државните и националните интереси.

Скопје – Љупчо Ристовски ИНТЕГРА:

– Имаме пензиската изборна платформа и план за социјална  мерка која ја предлага до 24.000 ден по пензионерско семејство;

– Планираме помош на сите ранливи категории како што се пензионерите чии примања се пониски од 24.000 денари, како и сопирање на брзо растечката сиромаштија со мерки и инструменти на политики за нов економски и финансиски циклус.

Охрид – Јована Мојсова ЛЕВИЦА:

– Влезот на двајца пратеници во Собранието покажа како треба да се води вистинска левичарска опција;

– Мене ми е малце дегутантно кога слушам дека некој ќе го праќал ДУИ во опозиција. Тие имаа можност да ги пратат ДУИ во опозиција тука во советите, но сите бевме сведоци како се продаваше Мауцер и како локалниот шериф Нефи Усеини гради дивоградби, а градоначалникот молчи. Дури и ја сруши плочата на АСНОМ за која градоначалникот, исто, мудро молчи. Со Левица на власт ќе ја срушиме дивоградбата на Нефи и ќе ја вратиме плочата на АСНОМ;

– Кога ги отвораа клубовите „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис“, се собравме и на бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука. Особено, не по диктат на буржоазијата која купува национален идентитет и историја за ситни пари кои носат крупни гревови.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.