Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Парламентарни избори 2024 – дневен преглед

0
By Zoran Ivanov on April 30, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

30-ти април

Бајрами: Ниту една политичка владејачка гарнитура нема да се формира без пратениците на Европскиот фронт

Скопје: Овие избори се референдум за европската иднина на земјата. Поддршката што ја имаме од нашите европски партнери е поголема од кога било и ова е момент и можност што мора да го искористиме, порачаа од ДУИ и Европскиот фронт и нН се осмелуваме да застанеме, а уште помалку да се вратиме назад. Знаеме како да ја подготвиме нашата земја за ЕУ велејќи „не“ на Русија и „не“ на политичките сили кои го претставуваат менталитетот на регресија и изолација на нашата земја, рече на денешната прес-конференција техничкиот министер за информатичко општество и администрација Наим Бајрами.

  • Значи, не може некој да го одбие легитимитетот на другата страна, а притоа да бара легитимитет од нивниот народ кој тие го претставуваат, затоа што ние сме консоцијална демократија која се појавува како консензус демократија и ние ќе продолжиме така да функционираме. Друго никако поинаку. Секоја таква политичка авантура ќе биде ризична за европската иднина на оваа држава и за сите политички околности што ќе се случуваат после 8 мај. Бидете сигурни дека никоја политичка гарнитура – владејачка гарнитура нема да се формира без пратениците на Европскиот фронт, рече Бајрами.

Ковачевски: Условувања не прифаќаме, СДСМ е државничка партија

Скопје – СДСМ не прифаќа никакви условувања и со никого нема да прави политички дилови, особено не со некого кој веќе се продал на нашиот политички противник и мора да пишува писма за да го оправда своето шурување и своето коалицирање со нашиот политички противник. Овде се работи за прашање на иднината на државата и со неа нема тргување. Фокусирани сме да постигнеме најдобриот резултат на престојните избори на 8-ми мај и повикуваме на мобилизација на сите демократски и прогресивни сили за да се спречи враќањето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски од митингот на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Аеродром.

  • СДСМ е најголемата и единствената автентична социјал-демократска партија во Македонија. За разлика од субјектите како ЗНАМ, кои се човек – партија, СДСМ е државничка партија со длабоки и силни корени. Нас не водат социјал-демократските вредности, борбата за граѓаните и европската иднина на Македонија. Не се откажуваме од тоа, СДСМ е цврста и силна партија. Ќе продолжиме да се бориме за овие вредности“, рече Ковачевски.

Тој нагласи дека СДСМ е модерна, прогресивна партија и единствена политичка сила која може да ја однесе Македонија во Европската Унија.

  • Ние не се откажуваме од Македонија во ЕУ. Верувајте, тоа не е цел сама за себе! Не се откажуваме од ЕУ затоа што знаеме дека тоа ќе обезбеди повисок животен стандард, поефикасна борба против криминалот и корупцијата, подобро образование и здравство“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски од митингот на СДСМ и Коалицијата за Европска Македонија.

Мицкоски: Народот се обединува околу промените

Конче: На овие избори народот јасно кажа каква е политичката реалност во Македонија, а тоа е дека Владата односно двете партии од Владата треба да заминат во опозиција. Мицкоски додаде дека народот се обединува околу промените.

  • Од друга страна ги слушате пораките од Мала Речица, од ДУИ, тие велат дека требало да се слуша народот. И да ние го слушаме народот, народот и во тој случај донесе правилна  одлука и испрати јасна порака дека Гордана Силјановска Давкова, Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ има за 20% повеќе гласови отколку што имаат двајцата провладини кандидати односно владини кандидати, а тоа се Бујар Османи и Стево Пендаровски заедно. Односно 363.000 наспроти 301-302.000 од прилика колку што имаат тие двајца, рече Мицкоски.

Тој посочи дека пораката од граѓаните е јасна, правецот по кој што треба да се движи Македонија е јасен. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата повикуваат на уште поголема поддршка од граѓаните во вториот круг.

Димитриевски: Имаме предизборни услови са постизборието

Скопје – Претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски упати пораки до раководствата на двете најголеми партии од македонскиот блок СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Димитриевски го повика раководството на СДСМ во наредните 24 часа да поднесе неотповикливи остави од функциите во партијата, како и носителите и коносителите на кандидатските листи на нотар да изјават дека нема да прифатат пратенички мандати.

  • Во наредните 24 часа раководството на СДСМ да поднесе комплет неотповикливи оставки од сите можни функции во партијата. Второ, носителите и ко-носителите на кандидатските листи на нотар да изјават дека нема да прифатат пратенички мандати и истите ќе ги преземат сите кандидати коишто следуваата на листите по нив. Трето, да се обврзат дека ниту тајно, ниту јавно нема да продолжат да заговараат соработка со сегашното ДУИ, за навистина, а не само формално, туку и суштински со пример, да покажат дека ја примиле вистински пораката на граѓаните и постапиле веднаш по истата, рече Димитриевски.

Тој упати порака и до раководството на ВМРО-ДПМНЕ, укажувајќи дека се согласува со нивните програмски определби за неприфаќањето на уставните измени, како и неприфаќањето соработка со ДУИ.

Меџити: Приоритет на „Вреди“ е да биде дел од влада ориентирана кон ЕУ и НАТО

Скопје – Носителот на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата „Вреди“ во Изборна единица еден, Изет Меџити, денеска на прес-конференција порача дека приоритет на албанската опозиција е да биде дел од идна Влада која е ориентирана кон Европската унија и НАТО. Во врска со можното постизборно коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ и со условот за уставни измени, Меџити вели во овој момент фокус на „Вреди“ се кампањата и средбите со граѓаните.

  • Ние и порано и сега кажавме дека сме заинтересирани да бидеме фактор за влада, која ќе биде европски ориентирана кон НАТО и ЕУ, за нас тоа е приоритет, но сега сме фокусирани на кампањата, на нашата програма, на контактите со граѓаните, а овие ставови ќе ги разговараме на маса. Нашиот став е јасен, нема дилеми кој е ставот на Влен за евроинтеграции, вели Меџити.

Посочи дека се соочуваат со постојани провокации од страна на Европскиот фронт предводен од ДУИ и на тој начин се обидуваат да ја дефокусираат јавноста.

Ристовски: Дали ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ прифатија укинување на 20% употреба на албанскиот јазик и воведување двојазичност 

Куманово – Ние од Храбро за Македонија денеска сме во Куманово да испратиме уште една порака не само до Кумановчани но и до македонската јавност. Пред да го дадете својот глас и да ја положите својата доверба на 8 мај во среда сакам длабоко да размислите кому ќе ја дадете таа доверба.  Барајте јасни, чисти, експлицитни ставови од сите политички субјекти за кои веќе вие сте размислувале дека треба да им го дадете својот глас и да ја положите својата доверба.

  • Барајте јасен и експлицитен став што ќе се случи со Уставот на Македонија, барајте јасен и експлицитен став и од ВМРО-ДПМНЕ и од партијата ЗНАМ и од тие коалициски партнери кои веќе најавуваат дека ќе бидат партнери во власта и отворено говорат дека веќе е потпишан договор дека во рок од шест месеци  ќе се промени македонскиот Устав согласно барањата на албанскиот екстремизам. Дали ВМРО-ДПМНЕ го прифаќа тој нивен став, дали ЗНАМ го прифаќа тој нивни став дека 20% јазикот треба да исчезне од Уставот, јазикот кој што го говорат малцинските етнички заедници, дали тие се согласни со тој став и дали веќе го имаат прифатено тој став, ако не треба јасно, јавно и експлицитно да одбијат на јавна сцена.

Апасиев: Македонска платформа за да запрат уценувањата на албанското малцинство при формирањето влада

Охрид – Левица нуди македонска платформа, со која конечно ќе биде запрено уценувањето од албанското малцинство при формирањето на идната влада. Тоа го порача партискиот лидер, Димитар Апасиев, на Народниот собир што го партијата Левица го организираше во Охрид во рамки на својата предизборна кампања.

– На избор пред граѓаните се три платформи, на нив останува за која ќе се определат на престојните Парламентарни избори на 8 мај. Првата е веќе познатата „Тиранска“ платформа. Независно дали се нарекуваат Европски фронт или Вреди, тоа е иста необалистичка матрица која тежи кон разградување на државата. Втората е „Софиската“ платформа што ја поддржуваат македонските буржујски партии, одродената македонска елита – СДС и ДПМНЕ, од кои едните ја поддржуваат отворено, другите латентно. Нашите информации говорат дека во првите сто до 200 дена е договорено внесување на Бугарите во Уставот. И третата, тоа е платформата што ја застапува Левица, а тоа е македонска платформа во пет точки, со цел конечно да запре уценувањето при составувањето влада од албанското малцинство, рече Апасиев.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.