Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Парламентарни избори 2024 – Хроника

0
By Zoran Ivanov on April 27, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

26. април

Скопје

Ковачевски: Повикувам на масовност на гласање на 8. мај, а поддршка за Пендаровски очекувам од сите граѓани независно од припадноста

Претседателот наСДСМ Димитар Ковачевски ги повика сите граѓани масовно да излезат на гласање на 8. мај за вториот круг Претседателски и за Парламентарните избори и негира дека СДСМ и ДУИ договараат бојкот на изборите.

Тоа е неточно. Ги повикувам сите гласачи масовно да излезат на изборите на 8 мај и да го поддржат претседателскиот кандидат Стево Пендаровски и коалицијата „За европска иднина“ на Парламентарните избори.

По слабите резултати од првиот круг Претседателски избори Ковачевски порача:

Ние ја примивме пораката во првиот круг на Претседателските избори за сите грешки коишто беа направени во текот на изминатите седум години. Седум години не е мал период на водење влада. Но, очекуваме со разговор со граѓаните во сите градови, во сите села во државата да ја добиеме поддршката во вториот круг за претседателскиот кандидат Стево Пендаровски… Но, со крената глава продолжуваме во вториот круг, рече Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања по средбата со претставници на МАСИТ.

Претседателот на СДСМ нагласи дека во СДСМ знаат од што се незадоволни граѓаните и дека главни теми што ги преокупираат се поголема борба со корупцијата, поголемо владеење на правото и поголем животен стандард. Но, клучен услов за сето тоа да се оствари, нагласи лидерот на СДСМ, е државата да стане членка на Европската Унија и затоа нивната програма е наслоена „За европска Македонија“. Притоа посочи дека се зaлага за спроведување ветинг, т.е. проверка на имотот на сите судии, обвинители и политичари.

Кавадарци

Мицкоски: Повикувам масовно да се гласа на осми мај и да се прати ДУИ во опозиција

Масовно да се гласа на осми мај и да се прати ДУИ во опозиција, повика претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од Росоман, а во рамки на претседателската и парламентарната кампања.

 Има центри на моќ кои не сакаат да ја видат успешна Македонија, имаме такви и тие беа клучен фактор, до сега беа и во Владата и тука мислам на ДУИ и Али Ахмети, тој сака да ја види осиромашена Македонија и слично. Тие не сакаат да ја видат успешна Македонија, рече Мицкоски.

Тој рече дека овие избори се шанса криминалците да се пратат во опозиција.

И ова го зборам само поради криминалот, не го зборам за ДУИ затоа што се Албанци, не, туку поради криминалот. Јас ја повикав опозицијата кај Албанците да се бориме заедно. Јас се борам против ДУИ кои ја ограбуваат и на колена ја ставаат Македонија, додаде Мицкоски.

Скопје

Касами: Веќе е најавено дека „Влен“ ќе биде дел од наредната влада

Претседателот на Движењето Беса и дел од албанската опозициска коалиција „Влен“, Биљал Касами денеска на настан во Тетово изјави дека, како што веќе е најавено, нивната коалиција ќе биде дел од наредната влада. Посочува дека во таа влада, па дури и со ВМРО-ДПМНЕ, полесно ќе се изгласат уставните измени.

Ќе има европска влада, влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел. Во таа влада, се разбира, кажавме и кажуваме дека го гарантираме интегрирањето на земјата во ЕУ и унапредувањето на правата на Албанците. И претходно имаме кажано дека во таква влада ќе биде многу полесно, дури и ако ВМРО-ДПМНЕ е во таа влада или која било политичка партија, треба да се изгласат уставните измени. Затоа, кога велиме дека ќе се изгласат уставните измени и ќе се изгласат. Ние не сме како ДУИ која за 10 години коалицинирање со ВМРО-ДПМНЕ не направи ниту најмал чекор кон интеграција во Европската Унија, рече тој.

Касами нагласи дека нивната коалиција се „гаранти на уставните измени и унапредувањето на правата на Албанците.

Скопје

Буневски: ЗНАМ со над 40 предлог мерки за производство и преработка на храна

Професорот Ѓоко Буневски од Движењето ЗНАМ денеска на прес-конференција во Скопје промовираше дел од предлог мерките од „Прогласот за достоинствена Македонија“,кои се во рамки на нивната програма за земјоделство и производство на храна.

Тој напомена дека имаат над 40 предлог мерки за подобрување на секторот за производство и преработка на храна.

Како што рече, една од предлог мерките е воведување на забрана за пренамена на земјоделско земјиште од прва до трета категорија за друга намена, освен за производство на храна.

Штип

Крмов: Левица во ИЕ3 ќе има два до три пратеника

Носителот на листата за пратеници на Левица во ИЕ 3, Борислав Крмов денеска имаше средба со граѓани во Градскиот пазар во Штип, каде што на граѓаните им ја презентираше програмата. Посочи дека граѓаните најтопло ги прифаќаат, бидејќи како што вели, Левица е единствената автентична, непотпуклива опција, а тоа директно го покажале во Собранието.

Очекувањата во Изборната единица три се дека Левица ќе има два до три пратеника, ова е една од најпатриотските Изборни единици и затоа ние сме толку силни. Значи ова е една работничка и земјоделска изборна единица, вели Крмов.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025
ФОКУС

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

ВЕСТИ November 12, 2025

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица,…

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025
ТИКЕР

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.