Крушево
Димитар Ковачевски: Тие вложуваа во жални врби, ние вложувавме и ќе продолжиме да вложуваме во вас, граѓаните
- Не дозволувајте сејачите на магла од Белата палата да манипулираат дека тие владееле подобро. Кое е нивното подобро? Дали се повеќе од една и пол милијарда евра потрошени за криминалниот проект Скопје 2014 која ние моравме да ги враќаме? Дали нивното подобро се заробените медиуми, замолчените вработени во јавниот сектор, натепаните студенти? Тоа ли е нивното подобро?“ праша претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на митингот во Крушево.
Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ вложуваше во жални врби, додека СДСМ вложува и ќе продолжи да вложува во граѓаните.
- Сетете се кој го слушаше гласот на граѓаните, а кој се обидуваше да ги замолчи. Кој владееше демократски, а кој авторитарно. Кој гради европска иднина, а кој продава лажно минато за лично да се богати и да профитира, рече Ковачевски.
Претседателот на СДСМ додаде дека ако десничарска партија како ВМРО-ДПМНЕ, гордиот наследник на Груевски, добие преголема моќ, тогаш тоа ќе ги убие нашите европски перспективи.
- Доволно долго седевме во чекалната за Европа и верувам никој од вас не сака пак да се вратиме таму. Уште повеќе сум сигурен дека ниту еден граѓанин не сака да се вратиме повеќе од 20 години наназад и повторно да се распалат меѓуетничките тензии. Но, очигледно ВМРО и ДУИ се подготвени и на тоа само за да соберат некој политички глас плус, рече Ковачевски.
СДСМ подава рака и ги повикува сите прогресвини сили, да не дозволиме држаата да се врати назад во режимско минато, рече тој.
- СДСМ им подава рака и ги повикува сите прогресивни сили на мобизација на 8-ми мај. Да не дозволиме државата да застане, да се врати назад во темното режимско минато, во времето на внатрешни конфликти и поделби. Во време кога началници шетаа по градот по 2 недели додека имаше избориза да конторлираат како ќе гласаат граѓаните. Вие најдобро знаете во Крушево и затоа не дозволувате да ве газат како што ве газеа 11 години“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на митингот во Крушево.
Битола
Христијан Мицкоски: Брзи резултати и исполнување на ветеното
Вие сте нашиот мотиви и сила. Без вас ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту Македонија, ниту коалицијата Твоја Македонија нема да биде тоа што сме денеска.
- А што сме денеска? Денеска после првиот круг на претседателските избори можам гордо да кажам дека народот и коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ направија историски најголема коалиција и како резултат на таа коалиција професорката Гордана Силјановска Давкова има повеќе од два пати гласови од нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски, рече Мицкоски.
Победата е јасна и на претседателските и на парламентарните избори и ни остануваат уште неколку пречки на патот кој мораме да ги прескокнеме, рече Мицкоски.
- За да не им успее бојкотот потребно е секој еден од вас да поразговарате со сите кои ги познавате и сите да излезат на гласање. Останување дома не е опција на овие избори, затоа што на 8 ми мај треба да избереме претседател на Македонија со најубедлива победа до сега, а втора пречка која треба да се надмине и кои сите ја посакуваат е да се има цврста, стабилна влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ со силно мнозинство кое нема да биде уценувано.
Струга
Али Ахмети: Опозицијата сакаше уништување на ДУИ
Денеска дојдов со една цел, да ви се заблагодарам за големата поддршка овде во Струга, за тековната мисија. Механизмот што ги распостранува содржајните зраци на платформите се челниците на штабовите, мобилизирачката гарда за да се продре до целта. Платформата “Да за Европа, Не за Русија” беше наша, опозицијата сакаше само уништување на ДУИ, ги разбирам и двете затоа што им удри сонцето, но народот одлучува дали ДУИ ќе се уништи или не, 24 април го докажа тоа и потврди дека ДУИ не се распаѓа.
- Но сега оваа ДУИ работи и делува, и со неа има уште 8 субјекти и овој Фронт на 24 април се соочи со опозицијата “ВРЕДИ”, а на 8 мај се соочуваме и со ВМРО. Нашата мисија продолжува, сакаме земјата да биде полноправна членка на ЕУ, бидејќи немаме друга алтернатива, на земјата и треба повеќе мир, безбедност, стабилност бидејќи недалеку од нас има големи војни и Европа е загрижена и покрена мобилизација на воената технологија. На 8 мај мора да победи субјектот чија мисија е членството на земјата во ЕУ, бидејќи успешно го завршивме членството во НАТО, од кое корист имаат сите граѓани”, рече Ахмети.
Прилиеп
Димитар Апасиев: Доста ни е од веќе видени пратеници и од гласање за помалото зло
Во програмата имаме 13 поглавја кои го опфаќаат секој аспект од општественото живеење. Главната порака до граѓаните е да го заокружат бројот 5 на гласачкото ливче и да дозволат млади неподмитливи луѓе да ги застапуваат, бидејќи доста ни е од веќе видени пратеници и од веќе видено гласање за помалото зло. На тој начин ќе спречиме многу штетни политики“, рече лидерот на Левица, Димитар Апасиев од Прилеп.
- По првиот круг не паѓаме со духот, туку продолжуваме со првичната замисла, додаде Апасиев. Очекуваме поддршка од прилепчани каде, како што велат од оваа партија, имаат реална основа за тоа. Земјоделството мора да биде планско. Планираме да се пополнуваат стоковите државни резерви строго со домашно производство, со однапред склучени договори за земјоделците да имаат некаква сигурност во производството. Планираме фиксни откупни цени, државни откупни центри за да не можат прекупците да ја местат цената како што ним им одговара, ладилници за складирање на произведената храна од кои ќе се снабдуваат Армијата, градинките, училиштата, болниците.
Мерките, генерално ни се насочени кон државна интервенција во земјоделството, а не да биде оставено стихијно рече Апасиев.
Скопје
Изет Меџити: Сите бегаат од ДУИ како од корона
Изет Меџити, лидерот на Демократското движење, чија партија е дел од коалицијата ВЛЕН рече дека на ВМРО-ДПМНЕ ѝ треба албански партнер како ВЛЕН, за да биде целосна сликата.
- Од ДУИ денес сите бегаат како од корона. Дури и ВМРО-ДПМНЕ и Максим Димитриевски бегаат од ДУИ и не сакаат влада со нив, рече Меџити на средби со граѓани во општина Чаир и во Сарај.
Ветува решавање на клучните проблеми на граѓаните во нивните општини.
За Меџити, само на тој начин ќе се претендира за европски вредности и европски фронтови. Немањето канализација и елементарни услови за живот е недозволиво, истакна тој.
Струга
Максимј Димитривски: Нема договор за коалиција до овој момент, партиското раководство ќе одлучува за поддршка на претседател
Движењето ЗНАМ – За наша Македонија се уште нема договорено коалиција со поголемите партии во однос на гласовите за претстојните претседателски избори, изјави за МИА претседателот на партијата Максим Димитриевски, повикувајќи на масовна излезност на изборите на 8 мај.
- Имаше куртоазни честитки на тие кои добија најголема поддршка, од моја страна и на професорката Давкова, па и на господинот Мицкоски. Нема договорено во овој момент ниту една коалиција. Како ќе одлучи партиското раководство на партијата, така и ќе постапиме, рече Димитриевски.
Барајќи ја поддршката од граѓаните за кандидатската листа на ЗНАМ посочи дека тој како личност ќе даде поддршка и за претседателските избори.
Скопје
Љупчо Ристовски: Погубен е граѓанскиот Устав зошто македонскиот народ така ја губи државотворноста во Македонија
Граѓанскиот устав е еден од најпогубните концепти кои што воопшто можат да се појават на политичката сцена во земјава зошто македонскиот народ така ја губи државотворноста, порача Љупчо Ристовски, претседател на ИНТЕГРА и носител на листата во ИЕ2 на Коалицијата Храбро за Македонија во општина Гази Баба.
- Денеска сакаме да упатиме една сериозна порака до предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот кандидат за претседател Гордана Сиљановска Давкова за граѓански устав на Македонија. Ќе морам да говорам како професор на политички науки, граѓанскиот устав е еден од најпогубните концепти кои што воопшто можат да се појават на политичката сцена. Зошто го говорам ова? Бугарија и Грција одамна имаат развиено концепт на нација. Нацијата е политичка категорија. Македонија никогаш не успеала да го изгради концептот на нација како политичка категорија. Зошто? Затоа што македонскиот народ како етнос се поистоветува со поимот македонската нација и со името на државата Македонија, рече Ристовски.