НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Парламентарни избори 2024 – Поенти

0
By Zoran Ivanov on May 2, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

2-ри мај

Скопје: Димитар Ковачевски – СДСМ:

  • Тој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник;
  • Ние сме во избори конкуренти со ВМРО-ДПМНЕ, 8-ми мај нека дојде па ќе видиме;
  • Националистичка реторика не води никаде зашто овие избори се за иднината;
  • Веќе ги имам осудено изјавите и на господин Ахмети во однос на несоодветното скандирање на плоштадот Македонија бидејќи тие се анахроно скандирања кои не враќаат 20 години наназад во едно закопано минато којшто сме го надминале со Охридскиот рамковен договор,што сме го надминале со членството во НАТО благодарение на СДСМ и кое што сме го надминале со отпочнувањето на преговорите со ЕУ повторно благодарени на СДСМ и исто така упатив порака и до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и до претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска дека националистичка реторика не води никаде;
  • Овие избори не се за враќање назад кон минатото, туку се за иднината и не се за изолација туку се за интеграција во ЕУ;
  • СДСМ останува единствената политичка опција која се бори за мултиетничко општество и за рамноправност на сите граѓани без разлика на нивната припадност по кој било основ и за интеграција на државата во ЕУ;
  • Ккао влада, во најголемите кризи, успеавме да спасиме 80.000 работниместа;
  • Како Влада имаме обезбедно 100 милиони евра финансиска поддршка за домашните компании бидејќи пред тоа не постоеше;
  • За наредниот четиригодишен мандат за таа цел планираме над 180 милиони евра што ќе отвори нов циклус на инвестиции кај домашните компании;
  • Не се откаживаме како партија од интегрирањето во ЕУ согласно со Преговарачкатра рамка која е усвоена;
  • Останува определбата за зголемување на мининалната и на просечната плата, нова поддршка на индустријата, особено на извозно-ориентираните компании,како и обезбедување доволна сума за капитални инвестици;
  • Имаме предвидено 3,5 милијарди евра од кои 2,7 милијарди се за инфраструктурни проекти и тоа во наредниот четиригодишен период;
  • За земјоделството, во следните четири години, е предвидена поддршка од 1,35 милијарди евра што ќе значи зголемено производство на храна и зголемен извоз на храна и на земјоделски производи.

Скопје: Арбен Таравари – ВЛЕН:

  • Да за Влада и Бадентер но без ДУИ и Левица;
  • ДУИ ги напушти вредностите за кои се залагаше во 2001-ва година кога наместо за албанската кауза почна да се грижи единствено за џебовите на нивното раководство и ним блиските роднини кога од партија се претворија во Коза Ностра;
  • Сега кога доаѓа време за одговорност за коруптивните скандали, се обидуваат како штит да го користат целиот албанскиот народ и помалите етнички заедници кои ги користат како заложници. Тие веќе видени трикови не поминуваат.
  • После 8-ми мај ќе има и Влада со ВЛЕН како единствен легитимен политички репрезент на Албанците, а ќе има и Бадинтерово мнозинство, ќе бидат обезбедени и фундаментите на Охридскиот Рамковен договор и ќе има одговорност за сите што се огрешиле пред законите;
  • Не може и не смее одењето во опозиција ДУИ да го претставува како проблем за опстанокона државата.Тоа е крајно неодговорно и кукавички. Затоа ги повикуваме да престанат да ги срамат Албанците и славните борци на УЧК;
  • Не е крај на светот ако ДУИ отидат во опозиција. Гарантираме дека нема да има политички реваншизам туку ќе само одговорност утврдена во фер правосудни постапки.

Скопје: Павле Арсоски – ЗНАМ:

  • Професионализација и департизација на армијата и полицијата и трајно и системско решение за статусот на професионалните војници, модернизирање на опремата на безбедносните служби и подобрување на нивните услови за работа се меѓу приоритетите во одбраната;
  • Враќање на вистинскиот патриотизам и љубов кон татковината и особено „враќање на достоинството и угледот на униформата во Македонија;
  • Целосна професионализација и департизација на сите безбедносни, разузнувачки и контраразузнувачки служби и нивно фокусирање исклучиво на мисиите и задачите поради кои се формирани и постојат, а во служба на безбедноста и одбраната на државата. Македонската армија и полиција мора да се деполитизираат и департизираат.
  • Недозволиво е униформата и струката да се изземат од одлучувањето за кариерен развој на војниците и полицајците, за нивното вработување, школување и усовршување, за нивното упатување во операции надвор од државата и секакво друго одлучување во делот на службата, а сето тоа наместо нив да го преземат партиски носители на политички функции.

Ростуше: Христијан Мицкоски – ВМРО-ДПМНЕ

  • Според оваа емоција што ја чувствувам овде и онаа емоција и енергија што ја чувствувам насекаде низ Македонија значи дека на 8-ми мај ќе ни донесе историски резултат, подобар од оној кој што се случи на првиот круг на претседателските избори. Сепак 2:1 резултат во однос на освоени гласови помеѓу идниот претседател професорката Гордана Силјановска Давкова и досегашниот, сега и веќе поранешен претседател, Стево Пендаровски е нешто кое што за првпат се случува во македонската демократска историја;
  • На СДСМ ништо нема да им се оствари бидејќи граѓаните гледаат кој и мисли добро на Маке донија.
  • По 8 мај ќе победат Гордана Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ;
  • 183 илјади гласови е нешто што испишува историја. Последниве години ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот испишува историја. Така беше и пред две и пол години на локалните избори, кога за првпат една коалиција, политичка партија во независна Македонија од позиција на опозиција заедно со народот успеа да победи во мнозинството општини во Македонија и да освои мнозинство градоначалници;
  • По 8-ми мај ќе отвориме нова страница за Македонија и ќе ја направиме Македонија онаква каква што нашите генерации сонуваа да биде. Ќе започне процесот на трансформација на Македонија. Доста беа порази, понижувања и грабеж. Ќе отпочне Македонија со својот развој, да бидеме лидери во регионот, да се вратиме во првите пет во Европа.

Штип: Борислав Крмов – Левица

  • Посебен закон за финансирање на државни центри за лицата со попреченост, зголемување на фондот на техничари, на луѓе коишто помагаат во домовите, пристапни рампи секаде;

Скопје: Бујар Османи – ДУИ

  • Нема влада без двојното мнозинство – апсолутно мнозинство од 61 пратеник плус Бадентерово мнозинство;
  • Европскиот фронт беше и останува најстабилната опција која ја придвижува евроатлантската ориентација на Северна Македонија како единствена патека што води кон безбедна иднина;
  • Граѓаните повеќе не можат и не треба да им веруваат на оние што сакат да не’ вратат назад во процесите што ги поместивме напред со толку труд и жртва на патот кон мирот, соживотот, НАТО, САД и ЕУ.
  • Ги повикуваме поддржувачите на опозицијата на 8-ми мај да го поддржат Европскиот фронт и да ја зајакнеме политичката позиција не само на Албанците, туку и на сите етнички заедници против арогантното заканување за мајоризација што го прави неодговорниот хор на ВМРО-ДПМНЕ;
  • Без сомнение, Европскиот фронт е единствената опција што ќе произведе владина стабилност со повеќе од 20 мандати на пратеници. Европскиот фронт е единствената опција што ќе може да обезбеди мнозинство според Бадентер без кое не може да опстане ниту една влада во Северна Македонија. Европскиот фронт е единствената опција што ќе може да диктира јасна западна ориентација на нашата земја и во 2030 година ќе бидеме цврсто во ЕУ и во стабилно сојузништво со САД.

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.